Од атинскиот аеродром, за Португалија, заминаа 43 Авганистанци, признаени бегалци и баратели на азил, во рамките на билатералниот договор меѓу двете земји за релокација на 1.000 бегалци, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за миграција и азил на Грција соопштуваат дека со заминувањето на групата, заврши пилотската фаза од програмата и веќе се релоцирани 100 лица.
Конкретната програма е финансирана од португалската Влада, односно од надлежното министерство.