Рано утрово на атинското пристаниште Пиреас, пристигнаа 215 бегалци и мигранти од островот Лезбос, кои ќе бидат распределени во прифатни центри во областа Атика и на Пелопонез, jави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, станува збор за трето префрлање на бегалци и мигранти во период од една седмица сѐ со цел да се намали бројот на лица кои се сместени во прифатниот центар Мориа на Лезбос. Минатата среда заминаа 110 лица, во петок 350, а планирано е во недела да бидат пренесени уште 400 бегалци и мигранти.
Во прифатниот центар Мориа, заклучно со 29 септември 2019, согласно официјалните податоци од грчката влада, во простор со капацитет да прими 3000 лица, сместени биле 12 662 бегалци и мигранти.