Грчкиот електроенергетски оператор АПТО (Independent Power Transmission Operator) во рамки на планот за проширување на Балканот планира да купи удели во македонскиот електропреносен оператор (МЕПСО) пишува специлизираниот грчи портал Energy press.

-Доколку дојде до договор, перспектива што бара активно вклучување на грчката влада, тогаш соседната земја би можела да послужи како порта за влез на АПТО во поширокиот регион на Западен Балкан, за да преземе проекти за надградба на мрежата и интерконекција, кои дефинитивно се потребни, пишува порталот.

Според информацијата која се потпира на македонски извори, грчкиот оператор веќе доставил понуда за удел во МЕПСО кој може да се реализира преку стратешки договор или со зголемување на акционерскиот капитал, пренесува порталот Плусинфо.

Претставници на грчкиот оператор подолг период се ангажирани во разговори со македоснки преставници за преземање удели на МЕПСО.

Грчкиот портал пишува дека покрај зајакнувањето на позицијата на АПТО, со овој подег кој ќе го надополни договорот за преземање на грчкото претпријатие за електростопанство ППЦ на ЕНЕЛ Романија ќе ја зајакне и геополитичката улога на Грција во балканскиот регион.

МЕПСО, пак, како што се наведува ќе има корист од договорот со АПТО, бидејќи ќе може максимално да го искористи посилниот кредитен рејтинг на грчкиот оператор и да добие пристап до фондовите на ЕУ за надградба на мрежата.

Доколку оваа зделка се случи, Грција ќе има голем влог во македонскиоте енергетски сектор. Земјава е пред потпишување на договор со грчката компанија Архиродон за јавно приватно партнерство за изградба на хироелктраната Чебрен.