Родителите на децата од пет до 11 години во Грција, од денеска можат да закажат термин за вакцинација на нивните деца, која ќе започне следната среда, јави дописничката на МИА од Атина.
Платформата за пријавување и закажување термин е веќе отворена, се очекува во понеделник во земјата да пристигнат вакцините на Фајзер наменети за децата, со оглед на тоа дека дозите се помали, а вакцинацијата ќе започне во среда.
Вакцинацијата ќе биде во болниците, во првата фаза ќе бидат отворени центри за детска вакцинација во 75 делови на Грција, додека пак за островите и за оддалечените места предвидени се мобилни единици.