Децата во Грција на возраст од 15 до 17 години, односно родени до 31 декември 2005 година од денеска можат да се пријават за доброволна вакцинација против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.
За имунизацијата, што ќе се врши со вакцината на Фајзер потребна е согласност од родител или старател, кој воедно треба да го придружува детето во центарот на вакцинација.
Имунизацијата на тинејџерите е по зеленото светло од Комисијата за вакцинација, од минатата седмица.