По борбата со огнените јазици во текот на ноќта и по евакуацијата на најмалку шест села, денеска, подобрена е ситуацијата со пожарот на грчкиот остров Кефалонија, а според дел од локалните медиуми, нема активни жаришта, јави дописничката на МИА од Атина.
Од рано утрово, противпожарните сили беа дополнително засилени и интервенираа вкупно 116 пожарникари со шест пешадиски тима, со 32 возила, со четири авиони, три хеликоптери, од кои еден за координација, а помагаа и цистерни од општините и волонтери.
Во текот на ноќта, преку бројот за итни случаи 112 беше испратена порака до локалното население да биде во состојба на готовност, по што неколку села беа евакуирани.