Грција ги охрабрува земјите од регионот да останат посветени на патот на реформите, а паралелно ги повикува членките на ЕУ да соработуваат за реализирање на европската перспектива на Западен Балкан во корист на регионот, но и на Европа, велат од Министерството за надворешни работи на Грција во однос на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, jави дописничката на МИА од Атина.

Додаваат дека Грција цврсто ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан, „перспектива што почетната точка ја имаше на Самитот во Солун во 2003“.

-Овој став, како што вчера истакна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Европскиот совет во Брисел, останува една од основните и непроменети оски на грчката надворешна политика. Грција ќе продолжи да ги поддржува соодветните напори на земјите од регионот да ги исполнат потребните услови за интеграција во нашето пошироко европско семејство. За постигнување на оваа цел, ги охрабрува да останат посветени на патот на реформите кои само позитивно можат да влијаат на нивниот тек кон нивно приближување до Европската унија, но и на животот на нивните граѓани. Паралелно, ги повикува земјите- членки на ЕУ да соработуваат за реализирање на европската перспектива на Западен Балкан во корист на регионот, но и на самата Европа, соопштуваат од грчкото МНР.