Три жени загинаа во експлозија на плинска боца што вчера се случила во таверна во Грција, по што избил пожар.

Експлозијата се случила во кујната на таверна во Каламата, во југозападна Грција, при што загинале трите жени, соопшти грчката противпожарна служба.

Трите жени, како што јави АП, од кои две биле вработени во угостителскиот објект, а едната била сопруга на газдата на таверната, биле во бессознание пренесени во болница, каде што им подлегнале на повредите.

Експлозијата предизвикала пожар, а пожарникарите брзо го локализирале. Ниеден од гостите во таверната не е повреден.