Според процените на Министерството за миграција и азил на Грција, во земјата се згрижени 1.818 деца бегалци без придружба, заклучно со 1 јуни, јави дописничката на МИА од Атина.

Од децата, осум отсто се помали од 14 години, 83 проценти се момчиња, а 17 отсто девојчиња.

Поголемиот дел од децата, 1.500 се сместени во специјалните центри за згрижување на деца бегалци без придружба.

Грција располага со 69 вакви центри со капацитет да примат 1.963 деца.