Грците вчера го славеа ослободување на Кукуш. Датумот е 21 јуни 1913 година кога тие до темел го палат градот.
Вчера во Кукуш беше и лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицитакис, за да го одбележи „ослободувањето“ на градот кој веќе не постои, а новиот Кукуш е изграден на неколку км од стариот, оној од 1913 година кој е запален до темел. Мицотакис се поклони и пред споменикот во градот. Заедничка прослава со Борисов и Заев немаше.
Инаку, верувале или не, според бугарскиот етнограф Васил Кнчев, во Кукуш во 1900 година живееле 7750 жители, но ниту еден од нив не е Грк. Има 750 муслимани, а останатите 7000 според Кнчев, нормално, се Бугари.
Уште повеќе, во целата Кукушка каза (општина) живееле 43178 жители, и повторно, ниту еден од нив не е ГРК. Значи, во целиот Кукуш и целета Кукушка околија, нема Грци. А вчера го славеа негово ослободување. На славењето немаше ниту еден претставник од владата на Ципрас, но со тоа тие повторно си играат со нас „добар и лош полицаец“.
Од Кукуш, Мицотакис порача дека нема да дозволи ратификација на договорот меѓу Ципрас и Заев кој, македонскиот претседател Иванов го нарече „нивен личен договор“. Оваа изјава на Мицотакис доаѓа по само еден ден откако 69 пратеници во Собранието на … (која држава?) се истрчаа и го ратификуваа предавничкот акт. Сега, јасно е дека тој нема да помине кај Грците, а дека по доаѓањето на Мицотакис на власт, Грција повторно ќе не блокира и ќе бара и други отстапки.
Патем, еве неколку сведоштва за тоа како Грците го „ослободиле“ Кукуш забележани од штипјанецот Љубиша Милетиќ:
-НА 20 ЈУНИ БИТКАТА (меѓу Бугарите и Грците, н.з.) е на 3-4 км од градот, но Грците намерно ги насочија топовите кон градот со цел да убијат што повеќе луѓе. Според еднодушното сведоштво и призание н очвидцоте, гранатите лесно ги палеле зданијата;
-СВЕДОШТВО НА ОТЕЦ ЈОСИФ РАДАНОВ, УНИЈАТСКИ СВЕШТЕНИК: Гранатите беа фугасни, зашто каде ќе паднеа, веднаш се создаваше пожар;
-ОТЕЦ ИВАН, УНИЈАТСКИ СВЕШТЕНИК: На 20 јуни со гранати беше погодена и болницата, во која имаше доста ранети од битката во претходниот ден. На болницата имаше развеано знаме на Црвениот крст, кое Грците убаво можеа да го видат од своите позиции. Тешко ранетите загинаа, бидејќи болницата изгоре, а полесно ранетите бегајќи од градот, се довлечкаа до бегалците. И врз сиропиталиштето на француските сестри, каде прибежиште најдоа стотина исплашени, повеќето жени, деца и старци, е пукано од топови. Една граната паднала врз куќата на мисионерот – лазаристот отец Мишел;
АТАНАС ИВАНОВ, ЖИТЕЛ НА КУКУШ: Во градот уште на 20 јуни, а посебно на 21 јуни имаше многу луѓе изгинати од бомбардирањето. Имаше толку многу гранати, што не може веќе да се зборува за одделни случаи;
Според запишаното од Милетиќ, уште на 18 јуни, Грците почнале да ги опожаруваат селата во околината. На 19 јуни, околните села од југ пламнале, а по отстапувањето на бугарската војска на 21 јуни, целата кукушка околија била во пламен. Подоцна се утврдува дека Грците стрелале врз населението кое било по нивите на жетва, така што многумина таму биле убиени, а другите во паника почнале да бегаат, не можејќи да се врата во селата и да си земат нешто за по пат. Грците стрелале со топови и врз бегалците. По кратко, сите можеле да видат како селата им горат. Истовремено, грчката кавалерија бесчовечно пукала врз мирното насление: таа убивала кого ќе стигнела, без разлика на пол и возраст, а потоа систематски ги палела незапалените села, ограбувала, изнудувала пари и ги силувала жените, запишал Милетиќ.
Тој забележал и други приемр, а овде наведуваме само неколку:
„Во сведоштвата на бегалците има доста примери:
Во селото Аканджали Грците убивале жени (документ број 25 и 26).
Во селото Гавалјанци, кавалеристите убивале жени и мали деца (документ број 10).
На 21 јуни, според очевидецот Атанас Иванов, во Кукуш на градскиот плоштад грчката војска исекла три жени, двајца старци и едно 4-5 годишно момче (док. бр. 7).
Според сведоштвото на отец Иван (док. бр. 5) тогаш плоштадот пред зданието на француските сестри бил покриен со трупови. На ист начин од кавалеријата биле убиени и сите селани кои останале во селата или решиле да се вратат назад, како во случајот со бегалците од селата Паторос и Сурлево, Дојранско, за што се споменува во документот број 5.“