Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски информира дека во земјава има околу 660.000 домаќинства, а просечната потрошувачка на струја е 416 киловат часови на месечно ниво.
-Кога ќе се споредиме со други земји во Европа, тоа е една од повисоките просечни месечни потрошувачки. Изнесува околу 2500 денари и 3000 денари. Факт е дека имаме повисока. Кога би се анализирале со Норвешка, таму потрошувачката е повисока, но земјата има голем број хидроелектрани. Поентата е да се испрати сигнал како енергетски сиромашна земја да престанеме да живееме во илузии дека имаме сѐ. Да се обрне внимание на потрошувачата на електрична енергија, рече Бислимовски во емисијата „24 анализа“.