Грозоморно убиство се случи во Зрењанин, Србија, вчера, кога Тереза П. (46) го усмртила нејзиниот 42-годишен сопруг Срѓан П. која потоа е уапсена.
Како што јавуваат српските медиуми, таа најпрво го избодела својот сопруг, потоа го исекла на парчиња со моторна пила, за на крај да го свари во огромен лонец.
Според соседите, насилството во таа куќа има историја, па така велат за „Вечерње новости“, често знаела во водата да му стави седативи за да не може тој да се брани, иако таа била значително пониска од него.
Додека се случувало грозоморното убиство, во куќата биле и нивните син и ќерка.
Ова убиство го потресе населението од околината, а сведочат дека и двајцата сопружници имале психички проблеми и дека ова не е прв инцидент во таа куќа, и дека Тереза неодамна го запалила креветот во кој спиел Срѓан.