Многу од македонските пратеници наседнаа на агресивната кампања на опозицијата за бугаризација и асимилација на Македонците, изјави вечерва вицепремиерот Артан Груби во емисијата Клик плус на ТВ 21
Зборувајќи за оставката на министерот Горан Милевски, Груби рече дека и тој имал свои дилеми во врска со францускиот предлог.
Тој додаде дека многу од македонските пратеници „наседнаа на агресивната кампања на опозицијата за наводна бугаризација или асимилација на Македонците со овој договор (со Бугарија)“.