И покрај оставката и Новата 2022 година Македонија ќе ја прославува со Зоран Заев како премиер, открива вицепремиерот Артан Груби, кој вечерва беше гостин во дебатната емисија Клик плус на ТВ 21.

Груби рече дека и во следните недели Заев ќе си остане во премиеркста фотелја. Како што рече, така ќе биде до средината на јануари, поточно во зависност од преговорите со Бугарија, како и од имплементацијата на новиот договор за Влада.

Груби на прашањето од водителот дали Заев ќе си оди или останува претседател на Влада, одговори:

– Не, во овие недели што следуваат. Ќе треба да се заокружи овој процес и сметам дека во средината на јануари, можеби и подоцна, зависи и како ќе се постигне договорот со Бугарија, но не оваа година, според преговорите што ги имаме досега, рече Груби.