Руси биле виновници за (не)изградбата на автопатпт пд Скопје до Блаце, рече вицепремиерот Артан Груби во синоќешното гостување на ТВ 21.

Груби рече дека причината зошто доцни изградбата на автопатот Скопје-Блаце е тоа што компанијата што го добила тендерот за надзор на автопатот била поврзана со руската држава и со банки од Русија.

– Тендерот беше објавен, две компании се пријавија, една беше хрватска компанија, а другата американска, но таа не ја поднесе соодветната документација и беше диксвалификувана, па остана само хрватската фирма. Во периодот во кој требаше да ја приложи банкарската гаранција, компанијата не успеа да обезбеди 2,7 милиони евра за банкарска гаранција, за да ги почне преговорите со Бехтел. Кога проверивме, откривме дека хрватската компанија е во руска сопственост. Во нејзиниот одбор на директори седат Руси кои се поврзани со државата Русија. Тие ги имале сите средства во руска банка и не успеале да ги префрлат, рече Груби.

Јавното претпријатие за државни патишта минатиот месец го поништи тендерот за избор на компанија што ќе врши надзор на автопатите од Коридорот 8 и Коридорот 10-Д, кои треба да ги гради американско-турскиот конзорциум Бехтел-Енка. Тогаш не бешее соопштено ништо за „руските врски“ на хрватскиот институт „ИГХ“, кој требаше да добие 22,6 милиони евра од државата за работата.

Прашањето зошто доцни изградбата на 14-те километри автопат од Скопје до Блаце вчера му беше поставено и министерот за транспорт Благој Бочварски, но тој не даде конкретен одговор.