Веќе сме разговарале со Албин Курти прво да ја обединиме границата, а потоа да ја отстраниме целосно меѓу нашата земја и Косово, рече вицепремиерот Артан Груби во интервјуто за косовската ТВ Дукаѓини.
Искажувајќи „поддршка за постигнување конечна спогодба за заемно признавање меѓу Косово и Србија“, Груби откри дека ДУИ и оваа Влада веќе презеле мерки за отстранување на државната граница на Македонија со Косово, но и оти тоа се планира и со границата со и Албанија!
– Со премиерот (на Косово з.н.) Албин Курти и со Косово не разделува во овој момент границата меѓу нас, која се стремиме да исчезне. Веќе сме разговарале со Курти најпрвин да ја обединиме границата, а потоа да ја отстраниме целосно, бидејќи не ни треба граница меѓу нас, бидејќи не ни треба ниту граница со Еди Рама. Сакаме да имаме многу почести контакти и разговори. Косово нас не гледа како помал брат, кој стои до него и до народот на Косово. Косово е дел од нас. Ние сме еден ист народ, рече Груби.
Запрашан „дали можат Албанците во С. Македонија да побараат Асоцијација на албанските општини“ Груби одговори:
– Нашите општини можат да соработуваат една со друга врз основа на законот за територијална поделба и законот за децентрализација, релче Груби во интервјуто дадено во емисијата „Дебата плус“ на РТВ Дукаѓини од Косово.