Убеден сум дека резултатите од пописот ќе бидат објавени на крајот од месецов, а резултатите ќе бидат добри и општоприфатени, изјави вчера вицепремиерот Артан Груби.
Како што најави и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симевски, до крајот од овој месец ќе бидат објавени податоците од пописот што беше спроведен минатата година.
Вицепремиер Груби вчера изјави дека Албанците на пописот ќе излезат „толку колку што се“.
– Убеден сум дека резултатите од пописот ќе бидат објавени на крајот на месецот и резултатите ќе бидат добри и општоприфатени. Има некои трагични да ги наречам изјави од одредени личности, но тоа оставам на нив да ги објаснат. Што се однесува на Албанците, тие ќе бидат толку колку што се, сите да бидат мирни дека бројките од пописот ќе бидат релевантни и веродостојни. Многу митови ќе се разбијат, изјави Груби.
Пред неколку дена за пописот се огласи и Симевски кој рече дека по објавувањето на резултатите од пиписот „јас ќе бидам непријател број еден во државава“.