Конзорциумот Бехтел и Енка, кој ги гради Коридорите 8 и 10д, утре во Агенцијата за вработување во Гостивар организира саем за вработување, соопшти заменикот на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
– Градиме за новите генерации, модерна инфраструктура која го поврзува регионот со Европа и ја развива економијата на нашата земјата. Со задоволство ве информирам дека конзорциумот Бехтел и Енка, кој ги гради Коридорот 8 и 10д оваа недела го организира саемот за вработување. Сите заинтересирани за работа ќе имаат можност да се запознаат со можностите што ги нуди овој конзорциум при изградбата на автопатските делници на коридорите во следните пет години, објави Груби на својот профил на Фејсбук.
Саемот за вработување ќе се одржи утре со почеток во 16 часот, во Гостивар, а потоа ќе продолжи со презентација и во другите градови.