Владата веќе наменски му додели 3 милиони евра, од вкупната вредност од 6 милиони евра, на Град Скопје за изградба на Качанички Пат (во Визбегово) до скопската обиколница.

Во разговор и соработка со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која е надлежна за реализација на проектот, ги почнавме последните административни подготовки во Владата и Министерството за транспорт за да почне и да заврши оваа важна сообраќајна артерија за градот, објави првиот вицепремиер Артан Груби.