Помина скоро една цела година по фрлената лопата на ДУИ и СДС, за божемна инвестиција за фабрика за производство на електрични автомобили, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ковачевски и неговиот стопан Ахмети, треба да одговорат, каде е ветената фабрика за спас на Тетово, каде се ветените 890 работници и каде се ветените еколошки автомобили? Дали и колку ја чини Македонија овој скап пи ар, ако учеството во инвестицијата, државната помош била договорена на 45 милиони евра?- прашуваат од опозициската партија.

Натаму во реакцијата се додава:

– Дали државата исплатила дел од 45 милиони евра кон фирмата блиска до ДУИ? Дали и ова ќе заврши само како метод за испумпување на пари, а инвестициите воопшто да ги снема? Криминалната коалиција на ДУИ и СДС, е одамна прочитана од страна на граѓаните, кои едвај чекаат на следните избори да го кажат својот збор, се наведува во партиското соопштение.