Вицепремиерот Артан Груби објави фотографии видео на кое во Министерството за политички систем со кое раководи, заедно со другите министри од ДУИ, се рекреираат со фудбал и кошарка во неговата канцеларија.
На снимката се Артан Груби, Бујар Османи, Крешник Бектеши, Јетон Шаќири, Фатмир Бесими и Насер Нуредини. Антистрес терапија по долгиот ден – напишал Груби на Фејсбук.
– Во врска со фотографиите од вчера, ако тоа толку длабоко задира во вашите чувства, јас ви се извинувам затоа што игравме фудбал и баскет. Јас сум спортски тип, согласно реорганизацијата на органите на државната управа, Агенцијата за млади и спорт треба да стане дел од Министерството за политички систем. Но многу ми е интересно затоа што нема амбасадор кој дошол кај мене, а не шутирал кај мене. Тоа не беше скандал, ова е таа хистерија за селективна правда, само да се дефокусира од нешто. Дојде градоначалникот на Тирана, со пета даде гол. Јас дриблам, рече Груби.