Нека доброто го победи злото во секој од нас и во Македонија, порачува во новогодишната честитка поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски.

-Среќна нова 2021 година! Нека донесе посреќен живот за сите во светот а воедно и во Македонија и дијаспората и се што е потребно за еден таков посреќен живот, од подобро здравје, мир, меѓусебна почит и радосни мигови во секое семејство, помалку нанесени зло и несреќи, па до повеќе успеси и победи, како индивидуални, така и колективни. Нека доброто го победи злото во секој од нас и во Македонија! Нека не опседне и води добрата мисла бидејќи одамна е познато дека какви ти се мислите, таков ти е животот… Нека Бог биде во нашите срца но и во нашите мисли кога носиме одлуки за себе и за другите, за пријателите и за непријателите, а оваа година самите да ја направиме посветла од она што повеќето очекуваме да биде, се вели во честитката на Груевски, упатена преку неговиот профил на Фејсбук.