Поранешниот премиер Никола Груевски објави коментар на случувањата во врска со работата на комисијата за историски прашања со Грција.
– Интересна колумна на амбасадорот и историчар проф. д-р Јован Донев… „Заевистичкиот национален инженеринг нема ниту да започне. Сеќавањата за сопственото минатото се дел од човековата природа“. Загрижувачки вести од работата и односот на комисијата за историски прашања со Грција… Претседателот на грчката комисија во еден дел и објаснува на својата јавност дека од наша страна по однос на договорот кој го подготвуваат имаат „гол без голман”. Тој вели: …„Грчката комисија не гледа предлог од другата страна дека дел од денешна C. Македонија е наследник историската Македонија од антиката…“ На што ли не е спремна врхушката на оваа власт за да добие заштита за направениот криминал, прашува Груевски во коментарот што денеска го објави на Фејсбук.