Главата горе, горди мои Македонци и горди граѓани на Македонија, напиша на својот профил на „Фејсбук“, поранешниот премиер Никола Груевски, по денешната пресуда за случајот „Тенк“. Тој ги повтори пораките што на граѓаните им ги упатуваше пред последните парламентарни избори:
– Ова е твоја земја, ние нема да те изневериме и ќе бидеме рамо до рамо со тебе, во сите предизвици. Ти си нашата сила, ние сме вашата сила. Доаѓаат подобри времиња. Главата горе и не заборавајте, ова е ваша земја, ова е земја на сите вие кои што живеете во неа и ничија друга, порача Груевски.
Пораката завршува со: Вие одлучувате. Да живее Република Македонија!
Во коментарите граѓаните пишуваат дека „од авион се читаат нарачките од извршната власт до судот“ и му порачуваат со идентични зборови: „Главата горе лидеру, нема да не скршат“.