Никола ГРУЕВСКИ
Предмалку СДСМ ја имаше една од најсмешните пресконференции на сите времиња.
Најпрвин да демантирам дека сопственикот на фирмата Еко клуб бил мој, како што кажа портпаролот на СДСМ ,,многу близок соработник”. Напротив, не само што не бил мој било каков соработник, туку воопшто не сум го познавал ова лице, ниту пак знаев дека постои човек со такво име и презиме и со таква фирма.
Сепак, најсмешниот дел во целата ситуација е што СДСМ изгубени во времето и просторот, мене и ВМРО-ДПМНЕ не прогласуваат за виновни за нешто што ним како власт им се случило откако се три години на власт. Нешто што не се случило во минатото а се случило сега.
Не знам кој им ја осмислува стратегијата за комуникации со јавноста, но не исклучувам дека ваквата ,,мудра досетка” им паднала на памет на двоецот портпароли поранешниот Шилегов и сегашниот Костадинов.
СДСМ е школски пример на партија која во однос на обврските кон гласачите го ,,преспала” мандатот, посветувајки се само на рекетирање, криминал, корупција, притисок врз судството и медиумите, и промена на името, историјата и идентитетот, па непосредно пред изборите збунето и нагло се буди и онака ,,зашеметени” набрзина измислуваат теми и наводни виновници, за да се прикажат себе во поинакво светло, спротивно од реалното.