Сакам да ја информирам јавноста дека на 30 август, откако с епрекина седницата на мое барање и на барање на моите адвокати поради присуство на друго судење закажано во ист термин , в.д. претседателката на Апелациониот суд Скопје, очигледно,о ткако претходно врз неа било извршено политичко влијание, ги повикала еден по еден сите судии од судскиот совет кои треба да одлучуваат по предметот Тенк.
Таа побарала, седницата, наредниот дн , по секоја цена седницата да биде одржана и да донесат осудителна одлука против мене, да ме прогласат за виновен со цел да бидам затворен што е најбрзо можно. Дури се одело до такви размислувања, казната да се намали под една година со цел да немам право на жалба пред Врховниот суд на РМ. Исто така, според овие сознанија, планот бил утредента во петокот на 31 август седницата да заврши, а веќе следниот петок на 7 септември експресно да се објави пресдуата. Што можеби и ќе се случи, а можеби и ќе има мала промена зашто во петокот заради долгото траење на седницата, таа се прологнираше за утре, среда 5 септември.
Според сознаијата било укажано дека за истото има добиено инструкции од многу повисока инстанца, од многу значаен фактор и барала од секој судија поединечно да и потвди дека ќе гласа согласно нејзината сугестија, а ако не може да го прифати тоа да се повлече и да го отстапи местото на друг кој ќе гласа согласно политичкото барање каква треба да биде пресудата.
Сознанијата исто така говорат дека повеќето од судиите првично се спротивставиле, укажувајќи дека првостепената одлука по овој предмет по кој тие постапуваат по жалба е незаконска и неправилна, дека има огромни пропусти и грешки , но сепак на крајот повеќето подлегнале на притисокот освен една личност од нив за која се нашол соодветен начин веднаш да биде заменета.
Таа замена согласно сознанијата не била извршена по правилата на АКМИ системот и сега станува јасно зошто во петокот судот го одби моето барање судењето да продолжи откако претходно соодветна институција ќе изврши проверка на законитото користење на АКМИ системот.
Претходно, откако е примен предметот во Апелацискиот суд и направен првиот состав на судии кои ќе одлучуваат, во јули месец, имало и други менувања на судиите.
Стравувајќи за својата позиција, непријатностите кои можат да им следат, во моментот судиите иако потврдиле дека ќе го поддржат ова барање, очигледно најдоа начин информацијата да излезе од тесниот круг на луѓе , иматели на таа информација. Веројатно почувствувале дека тоа е максимумот што можат да го сторат и дека тоа барем малку ќе им ја намали грижата на совеста заради неправедната и незаконска одлука која ќе треба наскоро да ја донесат. Напоменувам дека не се работи за судии кои не ја познаваат својата професија . Напротив, се работи за искусни судии со богато икуство но под огромен политички пристиок или некој од нив политички обврски. Потсетувам дека во петокот ми беше закажан термин на судска седница во време кога сите мои адвокати добија покани да присуствуваат на судско рочиште за предметот за 27 април каде судијката Кацарска веќе им изрече драконски парични казни заради неприсуство, а поради присуство на истите на друго судско рочиште во ист термин во истиот суд.
Очигледно намерата беше да останам сам без адвокатска заштита. За да може полесно да се протурка седницата за овој предмет за кој и самите судии се свесни дека, првостепената пресуда е незаконска и неправедна. И има и куп други процесни гршки и пропусти во постапката. Со ова грубо ми беше нарушно правото на одбрана и правилата на судот во Стразбур. А адвокатите побараа поместување од само еден работен ден.
Што е ушт поинтересно, продолжението на седницата е закажано за утре среда, повторно половина од моите адвокати се повикани на друго рочиште каде повторно судија е судијката Кацарска. Јас немам ангажирано адвокати, туку адвокатски тим, каде секој од нив има различна улога и само сите заедно можат можат да пружат ефективна одбрана.
Потсетувам дека од огромната пропаганда во која машинеријата на власта говореше за наводно големи случаи против мене и моите соработници, каде нивните пропагатори споменуваа милиони и милијарди евра, се сведоа на предмет со кој сакаат да ме затворат во предвечерието на референдумот и решевањето на името со договорот со Грција, на предмет во кој сум обвинет дека сум влијаел да се набави служебено блиндирано возило, внимавајте, бидејќи и јас сум „сакал да се возам во него“. Да не беше трагично, ќе беше комично. Ги прашувам јавно, каде се милионите и милијардите.
(Целиот транскрипт о прес конференцијата следи)