Поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија откако тамошните власти оценија дека тој во Македонија трпи политички прогон од актуелната власт, буди интерес кај медиумите, кои се обидуваат да го фотографираат или снимат во Будимшешта.
Откако вчера новинар на „Гардијан“ објави фотографија од Груевски, како шета низ Будимпешта, денеска унгарски медиум „24.hu“ објави видео од екс лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, на кое се гледа како тој седи во еден ресторан, а по излегувањето од локалот влегува во возило.
Се чини, Груевски е добра мета, особено за провладините медиуми, кои никако да почнат да се занимаваат со работата на актуелната власт, и упорно ја замајуваат јавноста со поранешната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.