Никола ГРУЕВСКИ

“Ајде кажи ми како сега да ги рушам некои објекти кои се за рушење, кои се незаконски изградени, после се ова што ти се случува тебе и на другите? Па подобро да одговарам за не срушено нешто што требало да се сруши, отколку за срушено а што требало да се сруши”. Ова прашање ми го постави пред околу две недели во телефонски разговор еден актуелен градоначалник во Македонија, на кое експресно самиот си одговори, за да заврши со зборовите: “Злобата во Македонија расте и допрва ќе расте. Помирувањето е веќе мисловна именка”.

Зборовите на градоначалникот со чии дел од разговор го започнав овој текст беа кажани по завршните зборови на судскиот процес “ТНТ” кој се однесува на срушена свесно изградена дивоградба на раскалашен пратеник кој мислел дека преку функцијата се може да направи и секаков закон може да изигра.

Сето ова потсеќа на недовршениот роман на Франц Кафка – “Процес” напишан пред околу 100 години, е еден вид алегорија за апсурдната борба на поединецот за зачувување на својот интегритет во машинеријата на инсинуациите и шпекулациите кои се обидуваат да ја разградат личноста. Главниот лик Јозеф К. е под судски прогон, покренат е судски процес против него и низ целиот тек на романот не е јасно зошто е обвинет, односно обвинет е за непостоечка вина. Овој судски процес и голготата низ која поминува главникот лик на моменти потсетува на “Пеколот” на Данте Алигиери, најмногу поради мрачната атмосфера и психичката тортура на која тој е изложен. Тој самиот не знае зошто е осомничен, ниту пред кого треба да ја докаже својата невиност. Процесот си тече со компјутерска прецизност, без оглед на напорите на Јозеф К. тој да биде свртен во негова полза. Скриената порака на сите разговори е дека без оглед на невиноста на обвинетиот, судската бирократија поседува моќ да ги остарни сите оние кои се противат на веќе утврдената хиреархија. Преку овој алегоричен роман, Кафка го искажал и ставот со кој сметал дека тогашните судови биле премногу исполитизирани за да му овозможат на поединецот да се брани. Преку карактерот на Јозеф К., меѓу другото се согледува дека луѓето спротивно на своето достоинство понекогаш им се додворуваат на властите како би ја придобиле нивната наклоност, како што и денес некои неправедно прогонети лица, по долга психичка тортура, доведени во агонија и очај признаваат вина која ја немаат за да поминат со полесни казни.
Делото на Кафка, кое неколку пати е и филмувано, со тек на време станало синоним за апсурдни ситуации во кои човек некогаш се наоѓа без своја вина.

Но, да се оддалечиме од оваа еден од најпознатите германски книги на сите времиња, легендарен, посхумно објавен и незавршен роман на Кафка, кој бил евреин, роден во Чешка но пишувал на германски јазик, роман кој е своевиден бунт против системот и бирократијата, наметнување на вина за случај базиран на сплет од околности кои заедно креираат димензија на испланиран, координиран хаос, роман со кој можат да се најдат многу сличности и различности и уште голем број толкувања и заклучоци и да се вратиме на она што наликува на овој роман во Макеоднија денес, во кој многу луѓе ја доживуваат судбината на ликот Јозеф К., а тоа се конструираните истраги, инсинуираните обвиненија, монтираните судења и незаконските и неправедни пресуди во судските прогони со политички мотиви денес во Македонија, која стана земја на политички судски прогони и затварања, азили, политички пресуди и судења. На пример, време во кое дури колку и да е стручен, заради притисокот што го чуствува секојдневно, не смее да помине ниту еден министер за правда во оваа разулавена власт и медиуми кои слепо ја подржуваат, без на пример повторно по којзнае кој пат да побара екстрадиција или дополнување на екстрадиционо барање, за кое однапред е јасно дека нема законски основ во земјата од каде се бара, но сепак мора да го побара за да го тргне притисокот од себе.
Сличности со славното дело на Кафка постојат во речиси сите политички мотивирани прогони последните 5-6 години, произлезени од партиски контролираните обвинителства СЈО и ОЈО.
Денес за оние кои ги интересираат повеќе детали токму за случајот кој го коментираше еден градоначалник и кој всушност кажува кои ќе бидат последиците од овој обид на Цановски и помагачите да заработат 11 милиони евра како наводна оштета на нешто, за што тој всушност треба да плати штета на државата, случајот “ТНТ” во кој само неколку работи да се наведат јасно е дека станува збор за апурден политички прогон:

1.Објектот дивоградба бил изграден спротивно на закон во делот на подземната градба (подземен гаражен простор), и доказот за тоа постои и денес и ќе продолжи да постои затоа што инвеститорот ТД “ФИНЕ” доо сопстевност на Фијат Цановски, наместо три подземни ката гаражен простор како што била дозволата за градба, изградиле само два подземни ката и 1,40 метри помалку длабоко од предвиденото во дозволата. Ова го направиле со цел да заштедат околу два милиони евра, односно за толку да им биде повисок профитот, бидејки кога дошле на длабочина од две подземни нивоа им се појавила вода за чија санација заради копање за трето подземно ниво требало да инвестираат додатни два милиони евра, што би им го намалило планираниот профит. При носење на одлуката да не се продолжи со копање за да се изгради и третото подземно ниво, истиот сметал дека со својата политичка и матерјална моќ политички ќе го реши проблемот, затоа што во моментот кога ја носел одлуката бил пратеник и верувал дека е семоќен.

2.Кога инспеккциите на општината откриле што се случува, фирмата на пратеникот како инвеститор на дивоградбата “Космос” веднаш побарала измена на деталниот урбанистички план (ДУП) од општината Гази Баба, со цел истиот да се прилагоди на веќе диво изграденото. Со тоа фирмата на пратеникот Фијат Цановски признала дека имаат дивоградба и дека се свесни за тоа. Доколку инвеститорот градел согласно градежната дозвола тој немало и нетребало да бара истата да му се измени и прилагоди на изградената дивоградба тогаш кога е утврдена градбата спротивно на градежната дозвола. Значи ем незаконски граделе, ем признале дека незаконски граделе и побарале тоа да се озакони.
При поднесување на барањето не увиделе дека таква евентуална измена би била спротивна на законот и дека кога би се направила и спровела, тој што ќе го потпише тоа би сносел кривична одговорност. Или пак сметале дека и тоа политички наместо правно ќе го решат. Општината немала можност да ја менува градежната дозвола затоа што таа е издадена согласно усвоениот детален урбанистички план и уредбата со која се утврдило колку гаражни места било потребно да се изградат и на кое ниво во длабочина под земја, односно на која кота требало да се постави првата плоча.
Службениците во општина Гази Баба постапиле законски при носењето на одлуката за рушење на објектот Космос заради негово градење спротивно на добиената од општината градежна дозвола.

3. Сопственикот на фирмата “ФИНЕ”, Фијат Цановски во судот призна и потврди дека се обидувал по политчки пат да си го реши проблемот за неговото неодговорно однесување и незаконско градење. Тој во судот потврди дека барал политичко а не правно решавање на проблемот кој го создал а кој бил правен, затоа што свесно и со намера заради поголем профит направил сериозен законски престап, потврден со дури 36 судски пресуди. Очигледна е поврзаност на овој предмет наречен ТНТ со предметот наречен “Рекет 2” каде Ардијан Амзовски, директорот на ФИНЕ кој заради незаконското работење добил и кривична пријава заедно со Фијат Цановски како сопственик на фирмата, исплаќа голема сума на пари на Бојан Јовановски и потоа по порака му се заблагодарува за повлечениот обвинителен акт.

4. Од како се разоткрил криминалот и почнале да се носат одлуки и решенија за рушење на општинските служби и инспекции, фирмата на Фијат Цаноски тужела и се жалела по многу основи на многу судови на различни инстанци. Сумирано, од вкупно 36 судски пресуди, одлуки и решенија тие загубиле на сите 36, односно сите до една не биле во нивна корист, туку во корист на општината, во правец дека исправно постапила. Пресудите се на Основниот суд Скопје 2, Апелациониот суд во Скопје, Врховниот на Македонија, Управниот суд, Вишиот управен суд и Уставниот суд на Македонија. Значи не три или шест, туку вкупно 36 судски одлуки ја потврдиле исправноста на рушењето на оваа дивоградба.
Јасно е дека службениците во општина Гази Баба постапиле законски при носењето на одлуката за рушење на објектот Космос заради негово градење спротивно на добиената од општината градежна дозвола. Доколку по утврдената состојба на теренот, со која е утврдено градење спротивно на издадената градежна дозвола не се постапило како што се постапило, администрацијата на општината би ризикувала нејзина лична кривична одговорност, заради не постапување согласно законот и наодот од инспекцијата.
Општината донела таква одлука за рушење на објектот, заради ништо друго туку затоа што се градело спротивно на градежната дозвола.

5. Инвеститорот во дивоградбата Космос се обратил и до Уставниот суд со барање на заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од уставот што се однесуваат на слободата на мислата и јавното изразување, политичкото здружување и дејствување и забрана на дискриминација на граѓаните по основ на политичка припадност. Уставниот суд по ова негово барање донел Решение во кое е наведено дека Фијат Цановски не понудил ниту еден доказ дека е дискриминиран на политичка основа.
Уставниот суд многу прецизно констатирал дека државниот инспекторат за градежништво и урбанизам согласно законот за градење извршил надѕор врз постапувањето на овластениот градежен инспектор и со записник на 10 Август 2011 година констатирал дека не биле констатирани неправилности во постапувањето на овластениот градежен инспектор во текот на целата постапка и дека постапил согласно Законот за градење утврдувајки дека станбениот комплекс “Космос” се градел спротивно на заверениот основен проект. Со одлуката на Уставниот суд, истиот ја отфрлил тезата дека Фијат Цановски бил политички гонет и дискриминиран на политичка основа, односно дека тој во однос на другите граѓани е еднаков пред Уставот и законите, и дека не бил спречен во уживањето на правата и слободите и немало дискриминирање по основ на негова политичка припадност.
Оваа одлука на Уставниот суд претставува суштествен правен основ и елемент кој го исклучува политичкиот мотив вграден во обвинението на страната на прво и второ обвинетите а со тоа и нивната кривичната одговорност на останатите со-обвинети.

6. Процедурални и формални прекршувања во процесот. Од формален аспект, гонењето во овој предмет е застарено и тоа писмено го потврдил со свое мислење актуелниот министер за правда Тупанчевски, пред да биде министер тогаш во својство на професор на правниот факултет, во кое писмено мислење е нагласено дека е неопходна одбивателна пресуда заради застареност на кривичното дело од член 353 ст.3бб ст1 од Казнениот Закон.
Исто така од формален аспект постапката се води без барање на овластен тужител поради незаконска употреба на незаконски снимените комукации во постапката, поради ковертирани докази кои се употребени во оваа постапка, поради незаконски, неовластен и ненадлежен застапник на обвинителот.
Не беше дозволено супевештачење по барање на одбранта, заради разликите на наводите на вештакот и одбранта, што е спротивно на ставот на Апелациониот суд.

Беше направен уште еден преседан со фактот што судот прифати мислење на проф. Мирослав Грчев кој не е градежник туку урбанист.Тој нема лиценца да вештачи за градба, туку само за урбанизам.
Аудио матерјалите не може да се валидни ни по законот за Заштита на приватноста кој е грубо прекршен од страна на политичката партија СДСМ со тоа што рокот од 20 дена за доставување на аудио матерјалите до СЈО е сериозно пречекорен. Ниту пак по членот 12 ст.2 од Законот за кривична постпака каде се исклучува можност незаконски прибавени аудио матерјали да се доказ. Доказите согласно закон не може да бидат копии кои не се споредени со оргиналот, а токму тоа се аудио снимките.

Согласно стандардите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и на македонското судство еднаш пресудена работа, не смее повторно да се суди. Со Пресудата I ТС-119/12 од 15.октомври 2013 година на Основниот суд Скопје 2 утврдено е дека нема штета и одбиена е тужбата на инвеститорот ТД “Фине” доо Скопје за надомест на штета. Истото подоцна е потврдено со пресуда ТЖ бр.494/14 од 27.11.2014 година на Апелацискиот суд Скопје и со Пресуда Рев 1 бр.87/15 од 31 Март 2016 година на Врховниот суд.
Пресудите на сите судови не се однесуваат само на делот на штетата, туку на сите делови на обвинението и за сите се донесени пресуди а при тоа биле изнесени истите докази и факти во сите пресуди со оние изведени во овој Суд. Ова е веќе пресудена работа или res judikata.
Пресудено е дека Општина Гази Баба не е одговорна за било каква штета што наводно е настаната како последица на нејзините одлуки. Во таа насока се издвојува Пресуда ГЗЗ бр.174/15 од 12.10.2006 година на Врховниот суд на Република Македонија каде што се наведува дека органот што постапува во рамките на своите законски овластувања и должности не може да има основ за одговорност за надомест на штета.
7. Јасно е дека на сите истанци, од администрацијата на општината, второстепената комисија, градежниот инспекторат и судовите дека општината донела законски заснована одлука за отстранување на нелегално изградениот објект, нема никаква логика ниту докази дека јас сум поттикнал некого да ја злоупотреби својата должност за рушење на овој објект.
Бидејки општинската администрација постапила законски, неможе да се утврдува вина кај одговорното лице на општината-градоначалникот, а уште помалку кај некој министер или премиер.

За апсурдот да биде поголем обвинителството по пет годишна психичка тортура се договори со Миле Јанакиески тој да ја признае автентичноста на аудио разговорите за кои шест години тврдеше дека не се веродостојни, автентични и целовити и бараше нивно вештачење кое не го доби. За возврат му тргнаа една од двете обвиненија што се однесува на поттикнувањето. Очигледно притиснат и исплашен од се што се случува во судството контролирано од власта, Јанакиески го прифати тоа, а обвинителството се задоволи вервајки дека со тоа обезбедиле некаков доказ против мене, иако и во тие не целовити (на пример од вкупно 9 смс пораки меѓу мене и Фијат Цановски во тоа време, обвинителството доставоло само 5, а другите 4 ги крие), не веродостојни и не автентични аудио матерјали, со одбиено барање од судот за нивно вештачење, никаде нема поттикнување за нешто да се направи незаконски.
Но, сакајки да ми наштетат, направија нова глупост. Имено, претходно тврдеа дека јас сум го поттикнал Миле Јанакиески, тој го поттикнал градоначалникот Тони Трајковски, а тој пак службениците во општината за да се срушела дивоградбата на Фијат Цановски. Со обзир дека немаат никаков докааз за комуникација или мое влијание на градоначалникот и неговите службеници, макар и нелегален или копија не споредена со оргиналниот аудио матерјал, ниту пак нечии исказ или сведочење дека сум го потикнувал, сега обвинението и евентуалната политички нарачана осудителна пресуда ќе ја темелат на НИШТО. Никаков законски или незаконск и доказ.
Тогашниот градоначалник Тони Трајковски јасно кажа во судот, а така и беше, дека никогаш со мене не разговарал на таа тема, ниту пак сум му вршел влијание, притисок или поттикнување кон него. Никаков друг доказ за мое поттикнување немаат. Немаа ни претходно, но но со не законските аудио матерјали им се оставаше можност за нерелано и субјективно толкување во правец дека сум го поттикнувал Миле Јанакиески за тој да го поттикне Тони Трајковски, нешто што сега одкако го повлекоа обвинението кон Миле јанакиески за поттикнување, сега неможе да го користа а непостојат било какви други аудио матерјали за евентуални разговори мои со градоначалникот Тони Трајковски или било кој друг, бидејки нема такви аудио матерјали, ниту пак нечие свдочење.

Дури и да имаше такви материјали, во нормална судска постапка, не може некој да е осуден само на база на таков вид аудио матерјали, но ни такви немаа да понудат како наводен доказ.

Уште по интересно е што не понудија, немаат ниту пак имаа било каков доказ дека Миле Јанакиески извршил поттикнување на градоначалникот Тони Трајковски или службениците во општината, бидејки непостои ниту аудио снимка од телефонски разговор, ниту сведок за такво нешто, ниту било каков доказ, ниту пак Миле Јанакиески како министер за транспорт, исто како и премиерот имал ингренции за овој случај. Но сега кога во ланцеот на божемни поттикнувачи го нема Миле Јанакиески и доколку е политички договорено да не осудат, тоа ќе биде осуда без елементарен доказ, макар и незаконски, макар и со аудио матерјали за кои Зоран Верушевски во судот кажа дека по излегувањето од притвор забележал дека се страотно модифицирани и компромитирани, или било каков ваков или онаков доказ.

Тогашниот директор на градежниот инспекторат исто така даде изјава во судот дека никој не му му вршел влијание, поттикнување или притисок и дека работел исклучиво согласно законот, спроведувал закон.
Во една ваква ситуација дури не може да се каже дека ќе судат наместо со докази со претпоставка, туку со измислена фантазија дека јас сум го поттикнал градоначалникот на ошптината Тони Трајковски, а тој ги потикнал службениците во општината, што истите го негираа во процесот и кажаа дека само спроведувале закон без ничии притисок.
Настрана што во тоа време јас сум бил претседател на владата и не сум имал никакви ингеренции врз општините, а нелегално градениот објект и одлуката за негово рушење е во целосна надлежност на општината, која е локална власт и е различна од извршната-централна власт, односно по ниту еден закон општината не и е потчинета ниту има обврска да прима и спроведува било какви инструкции од централната власт. Општината и администрацијата треба да работи по закон а не како што некој би и кажал, дури и кога би и кажал. Вистината е дека општината едноставно спроведувала закон.
Настрана и што не сум потпишан на ниту еден документ или било каква одлука или правен акт поврзани со оваа активност на општината и одлуките за рушење, ниту пак сум можел да бидам потпишан имајќи ги во обзир надлежностите на владата и општината.
Додатно, од процесот произлезе дека никогаш не сум поставил некакво политичко или финансиско барање или услов или пак барање на против услуга на инвеститорот ФИНЕ и сопственикот Фијат Цановски, заради чие неприфаќање сум сакал да му нанесем некаква штета.
Се надевам дека сега е појасно зошто овој фб статус го започнав со компарација со романот Процес од Франц Кафка.

8. Приказните од типот дека наводно сум барал рушењето да е со динамит наместо рачно се неважни за процесот. Прво, затоа што рушењето со динамит не е незаконски, а второ обвинението не е за тоа, туку за поттикнување да се донесе одлука за рушење, независно како ќе се руши.
Кога веќе постоела правосилна одлука на сите институции дека согласно законот истиот треба да се сруши, што менува дали ќе се руши со чекан или со динамит?
Целосно неважно е и какво мислење сум имал за Фијат Цановски како личност, затоа што независно какво мислење сум имал за него, судот треба да види дали тој го прекршил законот за што има непсоборливи докази, и дали општината постапила законски, а тоа е веќе видливо од 36 те судски одлуки и од одлуката на Уставниот суд.
Јас дури и да сум сакал да му помогнам на Цановски, не само што сум немал законски ингеренции за тоа, туку и непостоела никаква законска основа за тоа да се заврши.
Не е важно кој со кого и што разговарал или не разговарал по телефон или приватно, доколку државата и општината го почитувала и постапила согласно законот и доколку е остранет објект кој бил граден спротивно на градежната дозвола а со тоа и спротивно на Законот, што е така во овој случај. И што пред и по рушењето го потврдиле и судовите.
9. Еве и еколку клучни поенти од завршните зборови на Миле Јанакиески:
Поента 1: “Во самите аудио записи и транскрипти и смс пораки најбитно е да е истакне дека не постои разговор или смс порака каде вршам поттикнувачки дејствија према Тони Трајковски. Исто така не постои било каква комуникација со било кого каде се бара незаконски да се најде начин да се сруши објектот Космос. Овие две битија се основите на обвинителниот акт на делата за кои се товарам”.
Поента 2: “Космос е граден спротивно на одобрение за градење, тоа е докажано од надлежните инспекциски органи и судски истанци. Овластените лица се должни по закон да постапуваат во вакви случаи, во спротивно сносат кривична одговорност за не постапување и овозможување на корист на трето лице. Непостапувањето е спротивно на закон а не како се тврди дека донесеувањето на решенија од судски и управни истанци во РМ”.
– Поента 3: “Космос не е единствен објект кој се рушел поради градење спротивно на одобрение за градење како во тој период, така и сега”.
– Поента 4: “Прашањето кое е најважно: дали Космос ќе се уриваше ако не отстапуваше од одобрението за градење кои му биле ? Не. Ако со градењето, не бил прекршен законот, дали ќе се рушело? Не. Според ова, се суди зошто државата рушела објект кој бил за рушење, спротивен на закон”.
– Поента 5 “Се или најголем дел од обвинителниот акт, СЈО темели на прислушкуваните материјали. Но не на реална фактичка состојба, туку на субјективно толкување на разговорите. Груевски бил заинтересиран за Космос, неспорен факт , до мене не само од него туку и од останатите надлежни институции стигале информации по однос на нелегалниот објект. Дали ако ми пренесувал информации и ме прашувал што знам јас и за факти околу објектот Космос тоа значи дека се руши објект од политички побуди? Не. Дали ако на Претседател на Влада на негово прашање му прераскажам што стручни лица напишале и утврдиле како фактичка состојба на објектот, значи дека јас сум потикнал некого да стори противправно дејствие? Не, и несмее да се толкува секој разговор субјективно и дека тој или тие разговори се противправни или дека од нив може да се толкува дека дејствие на некое лице во случајот јас во конкретниот случај сум постапил противправно.

Но и најважното, дали за секое уривање на објекти, а ги имала илјадници, кои минале низ иста процедура како и Космос, имаат сега право да кажат инвеститорите: „Да отстапуваме од законските ограничувања, ама не рушат поради политички причини?“. Како можеме да цениме побуди, субјективно, од некои си разговори, ако имаме во предвид дека е прекршен закон? И сега, спојката е министер или градоначалник или овластен градежен инжинер кој треба да спроведува закон.

Во разговорите врз основа на кои Обвинителството со субјективно толкување за тоа што сум сакал јас кажам, поднесе обвинение, се зборува и за менување ГУП, ДУП. Градење на фонтани итн. Каде се тие фонтани, каде е сменетиот ГУП? Ако се повикуваме на истите тие разговори, овде требаше да има отфлрен обвинителен акт.

Во однос на пораката што ја спомна почитуваниот обвинител помеѓу мене и Никола Груевски од 14.7.2011 година сакам да истакнам дека јас само постапувам по Заклучок од седница на Влада која била одржана на 12.7.2011 година кога дрѓавниот градежен инспекторат а не министерството за транспорт или Општина Гази Баба доставило Информација до Влада во врска со случајот Космос. Постапувањето не значи дека сум учествувал во носењето на Решението за рушење на објектот Космос од 15.7.2011 година ниту дека донесеното Решение е незаконито. Дали истото е законито или не постојат правосилни судски одлуки. Дека градежниот инспекторат учествувал ја контролирал и спроведувал постапката покрај Информацијата на Влада го докажуваат разговорите по 14.7.2011 година а посебно тој од 15.7.2011 година. Сакам да истакнам дека Космос во тоа време беше тема број 1 во јавноста и нормално е Владата да расправа по истото и затоа не само јас туку и Министерот за надворешни работи, Министистерот за внатрешни работи, директорот на БЈБ, ПР службите на Владата и други членови на владта имале информации околу овој случај.

Во оваа судница, од првото до последното односно денешното рочиште зборуваме за уривање на објект, кој е во приватна сопственост, изграден надвор од законските прописи, за кој постојат судски пресуди кои кажуваат дека бил дивоградба.

И сега постојат две опции, да се даде верба на субјективното толкување на прислушкуваните разговори или да се верува во правосилни судски одлуки.

Што е карактеристично за овој предмет почитивани? Карактеристично е дека ова е единствен предмет на СЈО а и во поблиското минато на обвинителството, каде не се штити интересот на Македонија и на Буџетот, туку се штити приватен интерес, интерес на човек или на правно лице во негова сопственост, кој во оваа постапка се јавува како оштетен, човек кој незаконски градел и гради и кој сите проблеми поради негово незакоско работење сакал да ги реши преку политика или луѓе на функција дали во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, дали во коалиција со СДСМ. Нели мислите дека е доста од решавање на незаконотитости во работењето преку политика или преку користење на правосудните институции за политичко решавање на вакви работи? Јас мислам дека е доста, а верувам и вие како чувар на правдата и правичноста ќе имате храброст и одлучност да кажете доста е! Пред се водејќи се и од фактите и доказите во овој предмет, а пред се од одлуките кои ваши колеги како судии така и јавни обвинители ги донеле поврзани со овој кривично правен настан. Зар сите тие се, а сигурно се над 30 лица кои “нестручно или несовесно” пресудиле, зар тие не ги имале сите докази кои и вие ги имате, зар сите тие направиле злосторничко здружување заради остварување на нечија корист со донесување на тие одлуки, НЕ напротив сите тие се воделе од законот и од материјалните норми и пресудиле согласно закон”.
Поента 6: “Она што е битно за одбраната, е дека исто така Уставниот суд од извршениот увид во доставените и прибавени докази утврдил дека државниот инспекторат за градежништво и урбанизам согласно Законот за градење извршил надзор врз постапувањето на овластениот градежен инспектор и со Записник бр. 40 УП1-520/01 од 10.08.2011год констатирал дека не биле констатирани неправилности во постапувањето на овластениот градежен инспектор во текот на целата постапка и дека постапил согласно Законот за градење кога утврдил дека станбено-деловниот комплекс Космос се градел спротивно на заверениот основен проект. Со истиот Записник Државниот инспеекторат констатирал бројни неправилности во текот на градбата од страна на инвеститорот, изведвачот и нивниот надзор.
Значи Уставниот суд веќе пресудил за оваа работа и неможе повторно да се одлучува.
Во однос на овој дел од обвинението сакам да истакнам дека и самиот Фијат Цановски во својот исказ истакна дека барал политичко, а не правно решавање на неговиот проблем. Фијат почитувани барал политичко решение свесен за својот пропуст, пропуст кој е потврден со дури 36 пресуди од разни инстанци на судската власт. Она што ја замајува јавноста а и судот дека се жали во Стразбург е во однос на процесна повреда во однос на Решенија за измени во тек на градба што никако не се поврзани со процесот на рушење ниту со самиот обвинителен акт.
– Поента 7: “Во мојот завршен збор ќе се навратам и на крунскиот доказ на обвинителството, а тоа е вештачењето на професорот Грчев. Грчев го познавам тој беше мој советник додека бев министер за транспорт и врски. Имаме и сме имале различни политички видувања но Грчев е добар професор за урбаниста и архитект но никако градежник или геодет. Во своето стучно мислење Грчев изнесува ставови за градба и геодезија но тој не е ниту едното ниту другото. Грчев има лиценца и може да вештачи за сите аспекти до почеток на градба но и не после тоа”.

– Поента 8: “Во текот на ова судско рочиште на одбраната и беше повредено правото на одбрана и поради фактот што не ни беа дадени ниту на увид ниту во копија т.н бомби. За овој настан има поголем број на аудио записи кои не се изведени во текот на оваа постапка, а одат во корист на одбраната. Одговорно тврдам дека дел од тие разговори се нудеа на црниот пазар и мене лично ми беа нудени. Но јас несакам да се занимавам со тргување со снимки зошто истото мора еднаш секогаш да престани ако македонското општество сакаме да оди напред. Секојдневно сме сведоци дека некој некого снима и објавува во етер што е дно за едно општество”.

– Поента 9: “Дека Фијат барал политичко решение, тогаш преку Никола Груевски, сега преку неговите дружби и дружбите на неговиот син за што има видео записи со поранешниот градоначалник на Гази Баба. Нивниот начин на функционирање е да се доближат до оној кој им треба услуга или во моментот има некаква политичка и јавна функција. Таа дружба резултираше со договор за уредување на комуналите каде во договорот кој беше доставен до суд и за жал не беше изведен бидејќи уште од тој договор се најавува дека ќе бидеме осудени и дека Фијат Цановски неплатените комуналии за кои тврдеше пред Вас дека се платени ќе ги надомести од средтвата што ќе ги земе од Буџетот на Р.С.Македонија преку оваа пресуда, доставен Ви е видете го пред да донесете Одлука. Замислете, градоначалникот прифател согласно сознанијата кои ги имал Фијат Цановски дека ќе бидеме осудени и дека од средства што ќе ги добие од Буџет ќе ги исплати средствата за комуналии, надвор од сите закони.

Дружбата со поранешнито градоначалник на Општина Гази Баба резултираше и со ново одобрение за градење за објектот Космос каде котата која ја зборевме со часови и денови во текот на овие судски предмети е променета т.е се потврдува тезата на одбраната дека Фијат со цел да заштеди околу 2 милиони евра го подига цел објект со што гради помалку едно подземно ниво, а притоа го прави цел одбјект дивоградба.
Сето ова го потврдува она што го зборувам во мојот завршен збор дека со осудителна пресуда против нас само ќе се охрабрат идните инвеститори да бараат политичка заштита и да градат спротивно на одобрение за градење, без почитување на правната држава…”
-Во текот на постапката и покрај изведените поголем број на разговори и смс пораки не навлегувајќи во селективноста но и презентирање на поголем број материјални и вербални докази не постои доказ дека јас и Груевски сме барале да се најде начин незаконски да се сруши Космос. Груевски со мене не барал начин, со мене тоа не го разговарал ниту барал од мене да најдам начин. Да потсетам иницијативата за носење на Решение за рушење на објектот Космос произлегува од државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.
Ова беа клучните поенти во завршниот збор на Миле Јанакиески.
10. Еве неколку важни поенти од завршните зборови на градоначалникот на општината Гази Баба во времето кога се збиднувањата околу оваа дивоградба-Тони Трајковски.
Поената 1:”
Овде ќе додадам дека она што истиот тој го имал со првообвинетиот Никола Груевски не е моја работа, но факт е дека истиот го информирал Никола Груевски за неговите проблеми поврани со објектот Космос и барал од него политичко решение на неговиот проблем, и видно од самите аудио снимки дека самиот признава дека градел спротивно на одобрението за градење.
Почитувани судии во дел од разговорите кои беа јавно презентирани цитирам “Имаше денеска изјава на Нетпрес и самиот си признава дека отстапил ама отстапките не биле големи” “Беа од американската амбасата заменик амбасадорот вика да тој јавно призна дека има грешка но не била голема грешката само за 1 м” “Фали цел спрат под земја и плус има повеќе столбови”, “Го кренал објектот повисоко поради подземни води си заштедил пари”, “ Му кажав дека има грешки. Рече признавам има ама не се намерни”

Од презентираните аудио материјали во ниеден од нив не слушнавме дека има некакво незаконито постапување од страна на вработените во Општина Гази Баба напротив констатацијата е дека инвеститорот незаконски го градел објектот тоа јавно го признавал како пред Никола Груевски така и пред одредени амбасадори но главната забелешка била дека не било големо туку било мало отстапувањето.

Почитувани во градењето посебно во изградба на така комплексен објект како што е објекто Космос нема големо или мало отстапување секое отстапување кое не прецизно проектирано, пресметано и одобрено прво од овластени проектанти а потоа од стручните служби во Општина Гази Баба е недозволиво согласно Законот за градење. Тоа овдека го потврди и деканот на Градежниот факултетет професорот Милорад Јовановски кој предава статика на градежниот факултет дека во градењето нема мало или големо отстапување секое отстапување е недозволиво и може да предизвика големи последици по животот и здравјето на идните станари во објетот Космос.

Почитувани, судии инвеститорот Фијат Цаноски доколку бил чесен и сакал да ги почитува законите во Македонија пред да започне да гради спротивно на оддобрението за градење можел да достави барање за измени во текот на градењето до стручните служби на Општина Гази Баба, меѓутоа истото не го направил знаејќи дека тоа што го бара е спротивно на законите и никогаш немало да го добие и заради тоа мислел дека со политички договор може како што бил навикнат се да се реши, а со единствена цел да оствари поголем профит за себе на штета на буџетот на ОГБ и на штета на идните станари на објектот Космос.

Почитувани судии јас во мојот исказ кажав а сега повторно ќе потенцирам дека на средбата која беше кај мене во канцеларија инвеститорот Фијат Цаноски пред мене не негираше дека гради спротивно на одобрениот проект туку напротив рече дека паркинг местата кои не ги градел односно градел еден кат помалку подземно паркирање планирал да ги обезбеди со катна гаража и дека за тоа ако требало ќе оди и кај Коце да му се најде државно земјиште односно локација во близина за да ја изгради таа катна гаража а за која нема никаде планирано простор ниту во Деталниот ниту во Генералниот план на Град Скопје. Покрај со Никола Груевски од разговорите слушнавме дека инвеститорот Фијат Цаноски политичко решение барал и од други политичари и функционери, секаде само не кај стручните служби во Општина Гази Баба”.

Поента 2: “Овдека ќе потенцирам дека за периодот кога беше поништено решението за локациски услови и одобрението за градење инвеститорот поднесе тужба за која има одлучувано и Врховниот суд на Р. Македонија и има донесено Пресуда Рев.1 бр. 87/2015 од 31.06.2016 год. која е доставена во судот и истата е изведена и во таа пресуда Врховниот суд констатира дека службените лица во Општина Гази Баба постапувале законски при носење на управните акти односно Врховниот суд го констирал следново “ …. Правилен е ставот на пониските судови дека во конкретниов случај не постои основ за надомест на штета, само се има во предвид утврденото дека тужениот решавајќи за управната работа на тужителот не презел некое незаконито дејствие или назаконито одбил да презема соодветно дејствие”
Од аудио снимките и изведените материјални и вербални докази евидентно е дека сите информации по однос на незаконитостите во текот на градењето Никола Груевски ги добивал од Директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам ( во понатамошниот текст ДИГУ) Сашо Дукоски кој и на седница на Влада информирал за сите превземени дејствија од негова страна по однос на постапката за рушење на објектот, така да јас во ниеден момент ниту сум бил потикнат од некого ниту сум ја потикнал обвинетата Елисавета Најдовска при вршење на нејзините законски надлежности по укажување кое таа го добила од градежните инспектори од ДИГУ. “
Поента 3: “…Почитувани судии согласно претходно наведеното се поставува пред вас правно прашање на примена на институтот res judikata и non bis in idem . Воедно од страна на обвинителството пред судот не беше доставен ниту изведен доказ дека од страна на обвинителството пред поднесувањето на обвинителниот акт или во текот на оваа постапка дека е покрената постапка за поништување или утврдување на ништовност на пресудите, одлуките и решенијата на надлежните судски органи и тоа:
• Решение од Основниот суд Скопје 1 бр.IX К-1341/12 од 28.05.2012 година
Пресуди на Управниот суд :
• У-3 бр.360/2011 од 04.05.2012г
• У-3 бр.361/2011 од 06.04.2012г
• У-3 бр.362/2011 од 11.01.2013г
• У-3 бр.363/2011 од 06.04.2012г
• У-3 бр.415/2011 од 01.11.2013г
• У-3 бр.152/2012 од 21.03.2014г
• У-3 бр.229/2013 од 01.09.2014г
• У-3 бр.212/2013 од 26.11.2015г
Пресуди од Виш управен суд:
• УЖ бр. 925/2012 од 22.11.2012 г.
• УЖ бр. 926/2012 од 22.11.2012 г.
• УЖ бр. 1079/2013 од 08.11.2013 г.
• УЖ бр. 206/2013 од 25.02.2013 г.
• УЖ-1 бр. 587/2014 од 03.02.2015 г
• УЖ-1 бр. 873/2016 од 17.01.2017г
Пресуди на Основниот суд Скопје II- Скопје:
• 3ТС-157/12 од 07.06.2013 г.
• I ТС- 119/132 од 15.10.2013 г.-
Решенија на Основен суд Скопје II- Скопје :
• ППНИ- 600/16 од 19.07.2016 г.
• ППНИ- 601/16 од 19.07.2016 г.
• ППНИ- 602/16 од 15.07.2016 г.
• ППНИ- 603/16 од 15.07.2016 г.
• ППНИ- 604/16 од 19.07.2016 г.
• ППНИ- 605/16 од 19.07.2016 г.
• ППНИ- 606/16 од 15.07.2016 г.
• ППНИ- 607/16 од 15.07.2016 г.
• ППНИ- 608/16 од 18.07.2016 г.
• ППНИ- 609/16 од 19.07.2016 г.
Пресуди на Апелациониот суд Скопје :
• ТСЖ-413/14 од 14.01.2015г
• ТСЖ- 494/14 од 27.11.2014г.
Решенија на Апелациониот суд Скопје :
• ТСЖ 1624/16 од 01.09.2016г.
• ТСЖ 1626/16 од 01.09.2016г.
• ТСЖ 1627/16 од 01.09.2016г.
• ТСЖ 1633/16 од 01.09.2016г.
• ТСЖ 1635/16 од 01.09.2016г.
Пресуда на Врховниот суд
• Рев.1 бр. 87/2015 од 31.03.2016г.
Решение на Уставниот суд
• У број 162/2011 од 21.12.2011г.
Овие судски пресуди, Одлуки и Решенија беа доставени и изведени во судот.
Поента 4: “Исто така фактот дека инвеститорот со умисла градел спротивно на одобрениот проект се потврдува и од неговата Жалба до Министерството за транспорт и врски заведена под број 28/5789 од 06.09.2011 година која е доставена и изведена во судскава постапка, каде инвеститорот самиот потврдува дека и тој самиот планирал да направи уривање на делови од првата надземна гаража.
Замислете инвеститорот и додека гради самиот планирал делови од градбата да ги урива. Исто така со овој допис инвеститорот потврдува дека не само отстапувањата кои ги имал констатирано овластениот градежен инспектор и инспекторите од ДИГУ инвеститорот има изведено градба надвор од градежната линија кое согласно Законот за градење не е дозволено.

Инвеститорот како главен аргумент за отстапувањето во висина ја наведува висината на подземната вода која што ја утврдил во текот на ископувањето, но вистината не е таква, напротив , од Елаборатите за извршени Геомеханички теренски истражувања од Септемвти 2009г, мај 2010г и јуни 2010 г кои се доставени во прилог на Барањето за измени во текот на градбата бр.28-5107 од 21.07.2011 како и од пресек од скицата од проектот со кој се бара измени во текот на градбата доставени и изведени пред овој суд ,каде што ја има апсолутната кота на подземната вода, може да се констатира дека сите почнувајќи од сопственикот, надзорот, проектанитите иако знаеле дека котата на водата е иста лажно во своите изјави тврдат дека нивото на водата е покачено и поради тоа бараат објектот да се подигне за 1,5м. Од пресеците се гледа дека и во основниот проект и во бараните измени нивото на вода е на иста висина односно инвеститорот знаел цело време уште во фазата кога се правеле подготовките на основниот проект и кога се барале измените во текот на градењето дека нивото на подземни води било исто.”
Поента 5 “
Дека инвеститорот уште во текот на подготовката на основниот проект како и во текот на градбата знаел и со УМИСЛА започнал градба спротивна на одобрениот основен проект односно планирал да изгради помалку едно подземно ниво на пркинг за околу 198 паркинг места а со тоа за себе да прибави поголема финансиска добивка непочитувајќи го одобрениот основен проект, ова е видно од изјавите кои инвеститорот ги давал во весниците, web порталите како и официјалната facebook страна на инвеститорот кои се доставени до судот и истите се изведени како доказ каде инвеститорот потенцира дека гради станбено деловен објект со две подземни гаражи и катна гаража во близината а оваа катна гаража ниту била побарана ниту била одобрена од страна на Општината.
Неградењто на едно ниво наменето за паркинг и од аспект на статичка и сеизмичка пресметка игра многу важна улога за функционалноста и безбедноста на објектот Космос. Односно повторно ќе се повикам на изјавата на деканот на градежниот факултет Милорад Јовановски кој рече дека секоја измена доколку не е прецизно пресметана претставува сериозен ризик по безбедноста на идните станари кои ќе живеат во објектот Космос.
Исто така дека инвеститорот не само што знаел и со умисла го градел објектот спротивно на одобрението за градење и спротивно на одобрениот Основен проект истиот и вршел склучување на Преддоговор со физичко лице за станови кои се со различна квадратура во однос на Одобрениот основен проек кој воедно е предбележан во Агенцијата за катастар на недвижности, кои се доставени и изведени во оваа судска постапка
Од овој преддоговор кој што е склучен на ден 23.05.2011 год може да се заклучи дека инвеститорот продавал станови со различна големина во однос на одобрениот проект и направеното предбележување во Агенцијата за Катастар на недвижности под бр.44261 за КО Гази Баба односно станот бр.60 кат02 влез003 според листот за предбележување треба да биде со големина од 92м2 а во преддоговорот стои дека е 74,57м2, а станот бр.95 кат03, влез003 според листот за предбележување е 92м2 а во преддоговорот е со површина од 74,57м2, ова е доказ дека инвеститорот градел според некој друг проект кој е различен од одобрениот
Наводот во обвинителниот акт дека овластениот градежен инспектор направила незаконско присилно администртивно извршување, е неточен од причина што кон присилното административно извршување е пристапено согласно член 142 став 2 од Законот за градење согласно кој ако инвеститорот не постапи согласно решението за отстранување тогаш извршувањето го спроведува овластениот градежен инспектор со административно извршување. Бидејќи во конкретниот случај со доставувањето на решението за отстранување на градбата на 15.07.2011 година инвеститорот имал определен рок од 5 дена за отстранување но тој наместо да отпочне со отстранување на градбата тој продолжил со градба со засилен интезитет да гради го отстранил знакот и лентата со која било означено затворањето на градилиштетото што е констатирано од контролниот увид на овластениот градежен инспектор на ден 21.07.2011 година видно од пресуда на Управен суд У-3 бр.360/2011 каде судот констатирал дека инвестирот продолжил со градбата и поради тоа е пристапено кон присилно административно извршување.”
Ова се само неколку моменти од деталната и технички прецизна елаборација на Тони Трајковски со непобитни докази во неа.

Со обзир дека тој објект повторно се гради на истите темели кои се спротивни на утврдените правила, тоа само говори дека допрва во иднина ќе имаме правни разврски за тој објект. Но тоа е помалиот проблем. Поголемиот е што тој што го кршел законот се цели да биде награден, а тие кои спроведувале закон, службениците во општината според притисокот на обвинителството се оди на тоа да бидат прогласени виновни и казнети. Независно на висината на казната, тоа е многу лоша порака за 130 илјадната администрација во Македонија и многу лоша порака за стотици нови “Фијатовци” кои во иднина ќе бидат охрабрени да ги следат стапките на Фијат Цановски и неговат фирма “ФИНЕ”. И ова не е само моја претпоставка. Ова се случува веќе. Иако доказот за незаконското градење на Космос е сеуште таму и секој може да го констатира кога сака, ниту една институција нема храброст да пристапи кон тоа, ниту градежниот инспекторат, ниту општината Гази Баба на чија територија повторно се гради дивоградбата, ниту обвинитеството на кое “пред нос” му креваат огормна дивоградба, ниту антикорупциската комисија која за многу помали работи реагира но за овој предмет не сум слушнал дека извршиле проверки, ниту било кој. Сите знаат се и независно кој од која политичка провиненција е, после ова што се случува со овој предмет во обвинителството и судот, никој нема храброст да излезе на терен и да постапи по закон. Дивоградбата ќе се догради, становите и дуќаните ќе се продадат и на крај сите ќе кажат дека е доцна да се руши зграда дивогрдба полна со вселени станари со платени станови. Тоа во најмала рака се викасе вика “градежна мафија и слаби институции во држава каде владее мафијата “и не спроведување на правото, но тоа има корен токму во овие политички прогони, кои во овој случај имаат и криминални мотиви, односно мотиви некој да добие и подели 11 милиони евра оштета.

Една од лошите пораки за во иднина, за идните носители на функции ќе биде и дека сум погрешил што не сум прифатил една од многуте понуди и барања на тогашниот пратеник Фијат Цановски и да извршам некаков незаконски притисок на општината и нејзината админситрацијата да го запре спроведувањето на Законот со рушењето на дивоградбата и само така денес немаше да имам обвинене и потенцијална казна. Кој апсурд е тоа? Кое лошо поставување на работите за во иднина? Какви лоши пораки и примери ќе произлезат!!!? Заради таквото работење на оваа власт државата морално еродира, довербата во правосудството и генерално во државниот систем е сведена на нула, а секој што може да ја напушти земјата, бега од овој неред, од овој хаос и безредие, огромни и непредвидливи ризици, владеење на мафијата, бесперспектвност и апатија.