Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски од НСДП, вели дека Талат Џафери е најдобар претседател на Собранието досега, што ќе рече, подобар и од Тито Петковски, партиски шеф на мисовски, а кој своевремено беше претседател на Собранието.

Како политичка пресметка ја коментира аудио снимката од која се слуша како Џафери вика, пцуе и ги навредува собраниските службеници.

Осуда или коментар за однесувањето на собранискиот спикер, деновиве немаше ниту од останатите коалициони партнери во власта. Наредната недела на собраниска комисија пратениците ќе расправаат за навредите кои кон вработени во Собранието ги упати спикерот. Џафери молчи за снимката. ВМРО-ДПМНЕ и Левица бараа одговорност.