Во случајот „ТНТ“ чии пресуди беа изречени денеска Фијат Цаноски може да биде побогат за околу 17 милиони евра како оштета за срушениот комплекс „Космос“. Иако тој првично побаруваше штета од државата, судијата Огнен Ставрев реши таа да падне на товар на обвинетите Никола Груевски, Миле Јанакиески и Елисавета Најдоска.

Обвинетите солидарно да ја надоместат штетата на ТД Фине од 683.514.694 денари, која се состои од вредноста на изградениот дел од објектот Космос и вредноста на рушењето во износ на 19.389.440 денари-oбјасни судијата Огнен Ставрев.