Во историјата на македонската револуционерна борба за слобода периодот од 4 и 5 декември 1922 година е значаен по привременото завземање на Ќустендил од силите на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, акција предвидена во прв ред од легендарниот војвода, македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, публицист, книжевник, поет, еден од најзначајните интелектуалци во ВМРО на Тодор Александров – Панчо Михајлов-Чавдар.

Ова гоп истакнува поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски во објавата на Фејсбук, која во продолжение ја објавуваме во целост:

Панчо Михајлов Чавдар е штипјанец, роден во 1891 година, кој на Организацијата активно се приклучил во 1921 година, одкако претходно бил учесник во првата светска војна како командант на чета во бугарската армија, всушност како што направиле и најголем дел од Македонците особено припадниците на ВМРО кои поверувале дека тоа е патот до остварување на нивната цел автономна и независна Македонија во нејзините геогравски и етнички граници. По поразот на Бугарија во првата светска војна, Тодор Александров успеал да ја возобнови ВМРО и да ја продолжи нејзината борба за ослободување на Македонија.

По првата балканска војна во 1912 година и повлекувањето на Османлиската држава која до тој момент цели 20 години била легитимна цел на ВМРО, со обзир дека не се остварила целта и со Букурешкиот договор Македонија била поделена, српските власти во Краслството СХС на територијата на вардарска Македонија и грчките власти и нивните андардски чети на територијата на егејска Македонија станале нова легитимна цел на Органзиацијата.

Со бугарските власти ситуацијата е променлива но постојано тензична, и зависно која власт ја толерирала или непријателски се однесувала кон ВМРО, кија во пиринска Македонија била еден вид држава во држава и ја користиле како засолниште по извршување на акциите на четите во внатрешноста, како што се нарекувала територијата на вардарска и егејска Македонија.

Една од владите која во голема мерка ги влошила односите со ВМРО сакајки да изгради поблиски врски со Кралството СХС била владата предводена од земјоделската партија на Александар Стамболиски која нанела жестоки удари на ВМРО, но и ВМРО жестоко возвратиле со ликвидација на два министри за внатрешни работи на Бугарија и со свирепо убиство на самиот премиер Станболиски и неговиот брат.

Настаните во Ќустендил на 4 и 5 декември 1922 година се случуваат во атмосфера на многу затегнати односи помеѓу ВМРО и бугарската влада, кога веќе министерот за внатрешни работи на Бугарија Александар Димитров на 22 Октомври 1922 година е ликвидиран од заседа кога со возило поминувал на пруга на пат каде вообичаено мора да се подзастане со возилото, и тоа било убиство кое може да се вброи во свирепи убиства односно атентати затоа што по усмртувањето на министерот му го исекле со нож гркланот за да влеат страв кај противникот. Токму таа ликвидација ја извршиле дел од главните актери предводници во Ќустендилските настани, односно Иван Јанев Брло со неговите приврзаници кого веќе во тоа време властите го ословувале со фразата “убиецот на Димитров”. На еден состанок на раководството на ВМРО во Ќустендил на 2 август 1921 година на бугарскиот премиер Александар Стамболиски и Александар Димитров им биле изречени смртни пресуди. Дури Димитров на една од последните седници на владата ладнокрвно изјавил дека бил осуден на смрт и дека скоро ќе бил убиен.

Тоа се војводи на Тодор Александров и работеле под негова команда. Панчо Михајлов Чавдар, важел за омилен војвода на Тодор Александров и негов најблизок и најдоверлив од редот на војводите.

Многумина историографи сметаат дека тој требало да биде природен наследник на Тодор Александров, наместо Ванчо Михајлов, но не само што не се случило тоа, туку тој според Шандаров е ликвидиран по нарачка на Ванчо Михајлов.

Ова беше вовед во тогашната атмосфера во ВМРо и во Бугароја, пред да се опишат настаните во Ќустендил од 4 и 5 декември 1922 година. На ова само ќе додадам дека Ќустендилските настани се половина година пред државниот удар во Бугарија, кренат од воени кругови на кој се приклучиле ВМРО кои сурово го ликвидирале Премиерот на Бугарија и водач на земјоделската партија Александар Станболиски и неговиот брат, живи сечејки ги на повеќе од 150 делови кои ги расфрлале на огромно пространство од неколку километри, не само заради насобраниот гнев заради бројните убиства и прогони кои владата под палката на Стамболиски ги правела на ВМРО, туку и со цел да внесат страв кај идните бугарски власти кога станува збор за третманот на ВМРО на територијата на Бугарија и особено во пиринска Македонија.

Акцијата под команда на Тодор Александров била реализирана од четата на скопскиот војвода Величко Вељанов-Чичето.

А сега за оние кои го интересираат историски детали за Ќустендилските настани.

Во предвечерието на завземањето на Ќустендил, бил направен обид од страна на ВМРО да не дојде до тоа. Тие стапиле во контакт со локалните власти во градот Ќустендил и побарале да им бидат предадени поголем број нивни противници, шпиони, ренегати, луѓе кои го пљачкосувале народот и слични легитимни цели на ВМРО, кои биле во Ќустендил, што било итно пренесено во владата во Софија од страна на локалните ќустендилски власти, но таму заканата не била сериозно сватена.

Монографија за Панчо Михајлов-Чавдар како дел од проектот финасиран од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за објава на околу 33 монографии за познати македонски револуционери, излезе од печат во 2017 година чии автор е професорот Д-р Никола Жежов. Во оваа монографија детално е опишано за овие историски денови на ВМРО, од каде во продолжение прикажувам повеќе делови, целини и цитати.

На 29 ноември 1922 година Тодор Александров испратил писмени докази до Кустендилскиот окружен суд за пљачкосувањето на Власите кај селото Ранинци, Кустендилско.” Александров таквиот акт го презел заради заштита на Власите од овој дел на државата од насилства, а тоа го сторил и како поддршка поради нивната соработка со ВМРО. Но, судот не го зел предвид писмото од Тодор Александров и се поставил во заштита на луѓето кои биле осомничени за грабежите. Потегот на Т.Александров за мирно решавање на целиот конфликт со бугарската влада на Стамболиски не бил успешен и односите на релација ВМРО бугарска влада и понатаму се вложувале.

По убиството на Велин Алајков, во градот Ќустендил завладеала една тешка атмосфера која повеќе потсетувала на предвоена состојба. Неколку дена по убиството на В.Алајков-пунктов на челник ан ВМРО во Ќустендил, П.Михајлов го повикал кустендилскиот окружен управник Симеон Цонев и му поставил ултиматум за апсење на групата на Григор Циклев” и Јане Велинов кои ги сметал за одговорни за убиството на пунктовиот началник на ВМРО. Окружниот управник Цонев му ветил на П.Михајлов дека ќе го исполни барањето на ВМРО и во Ќустендил се вратил со придружник на војводата П.Михајлов. ” За да се спречи ескалација на судирот, кустендилскиот окружен управник навистина презел конкретни мерки и во Софија во Министерството за внатрешни работи го испратил на разговори претставникот на бугарската земјоделска власт од селото Жилинци, Тончо Велинов, но ситуацијата и заканата не била сериозно сватена од страна на министерот за внатрешни работи Даскалов.

Следеле и други обиди мирно да се разреши состојбата, но наместо да се смири состојбата во градот и бугарската власт да преземе некакви мерки за заштита на населението, со нејзина поддршка и учество на федералистички чети биле убиени и Александар Ѓурѓинчев емигрант од Кратово и Милан Атанасов, жители на Ќустендил блиски до ВМРО. Дел од Ќустендилските граѓани организирале протестен митинг по повод убиството на Алајков и побарале од окружниот управител на градот да преземе мерки за враќањето на мирот и спокојството на жителите на ова населено место. Меѓутоа, окружниот управител кој бил поставен на позицијата од страна на бугарската земоделска власт, не презел никакви безбедносни мерки, освен што го засилил своето лично обезбедување, веројатно стравувајќи од одмаздата на ВМРО. Исто така, окружниот управител побарал и добил засилување од една поголема чета на војска и полиција која главно била стационирана во родното село на управителот, Грлено, кое се наоѓало во непосредна близина на градот Кустендил.

Граѓаните од страв започнале да се прибираат во своите домови уште со самото доаѓање на првиот мрак. Улиците на Ќустендил во доцноноемвриските ноќи биле пусти и на нив владеела гробна тишина која единствено била прекинувана од ретките поминувања на некоја полициска патрола. Градот ги претчувствувал бурните настани кои доаѓале и кои потврдувале дека во овој дел на државата не владеат бугарските закони, туку силата и моќта на BMPO.

Драматичните настани во градот Кустендил започнале со тајното пристигнување на војводата П.Михајлов-Чавдар на 2 декември 1922 година и неговата средба со локалната градска власт. Михајлов, од името на ВМРО, побарал градските власти да ги задржат во затвор групата на затвореници кои Организацијата ги сметала за одговорни за одредени злосторства и поврзаност со федералистичките чети. Но, градските власти се оглушиле на барањата на Панчо Михајлов-Чавдар и на ВМРО, веројатно чувствувајќи дека се доволно способни да ја задржат ситуацијата под своја контрола. Дури, локалната земјоделска власт, во 5 часот приквечерината, на 2 декември, организирала наместено бегство на затворениците кои ВМРО ги побарала за да им суди според своите закони.

По неуспешната средба војводата Панчо Михајлов- Чавдар изјавил: “Г-да, 12 часот отчука и овие игри јас не можам веќе да ги трпам. Ке дејствувам како што сметам дека е добро, изгледа дека овде нема желба за разбирање.

Денот 3 декември поминал мирно, но во исчекување на евентуални вооружени пресметки. Комитските чети на ВМРО под водството на војводата П.Михајлов веќе биле спремни да го нападнат и преземат градот Кустендил. Во 4 часот, изутрината на 4 декември 1922 година, градот Ќустендил бил разбуден од истрели од пушки и силното ѕвонење на црковните камбани. Истрелите од западниот дел на градот се приближувале постепено кон централното подрачје. Поголемиот дел од граѓаните помислиле дека се работи за узбуна заради пожар, но набргу се увериле дека проблемот бил многу поголем. По улиците се слушале експлозии на рачни гранати, а градот бил осветлуван од светлечки ракети. Околу 7 часот сè поретки станувале рафалните истрели од машински пушки и поеднинечните стрелби од пушки, така што на сите сонливи граѓани, штотуку разбудени, кога погледнале надвор, им станало јасно дека четите на војводите Панчо Михајлов-Чавдар и Иван Јанев-Брло го зазеле градот. Ќустендил се нашол под окупација на ВМРО.

Според податоците на ВМРО нападот врз градот Кустендил бил извршен од здружените комитски чети под раководство на војводите Панчо Михајлов- Чавдар, Иван Јанев-Брло и Мите Опилски, како и чети оставени во резерва кои ги предводел Борис Тиков. За кратко време, речиси без никаква борба и отпор, четите на BMPO станале целосни господари на градот. Одлично организирани патроли на комитските чети шетале низ градските сокаци и на збунетите граѓани заканувачки им извикувале: “Кажувајте каде има Македонци, оти ќе одговарате со вашите глави”.

Ноќта пред нападот четите ги пресекле телефонските и телеграфски столбови со цел градот да го отсечат од внатрешноста на Бугарија. Биле завземено сите поважни објекти во градот.

Пред државните банки во градот биле поставени комитски патроли за да не се дозволи, како што истакнал војводата П.Михајлов-Чавдар “на некои личности и групи да ловат риба во матно”. Објектите на војската и полицијата биле блокирани, а нивните команданти и началници биле предупредени да не даваат отпор. Во однос на состојбата во градот била постигната спогодба, бугарската војска во градот да остане неутрална, а претставниците на Големите сили и нивните амбасади во Софија, писмено биле известени дека штом ќе се справат со федералистите и ренегатите од своите радови, комитските чети веднаш ќе се повлечат од Ќустендил. Триесетина претставници на “Портокаловата гарда” на А.Стамболиски (паравоени структури на бугарската земјоделска влада создадени за борба против ВМРО), веднаш побрзале да го напуштат градот пред опасноста да бидат ликвидирани од четите на ВМРО.

Веднаш по воспоставувањето на контролата на градот или како што дел од бугарските фактори ја нарекле окупација“, ВМРО веројатно според добро подготвен план започнала да спроведува привремена власт во овој бугарски град со доминантно македонско население, што секако и ја олеснувало позицијата. Полициската стража била разоружена од страна на комитите, додека војската го задржала оружјето и тоа може да се протолкува како резултат на традиционално добрите односи на ВМРО со бугарските офицерски кругови каде доминантен бил бројот на Македонците по националност. По наредба на војводата П.Михајлов бил запрен и возот на железничката станица, патниците биле претресени и ослободени, додека на возот му било забрането излегување надвор од градот. По кратко време, истиот ден, комитските чети под водство на војводата Чавдар формирале своја команда во градот и веднаш се пристапило кон организација на евентуална одбрана од надворешни напади на бугарската војска и полиција. Комитите поставиле стражи и патроли. Српските весници кои будно ја следеле ситуацијата во Бугарија заради опасноста од ВМРО, на своите насловни страници, посебно „Време“ и Политика“ драматично известувале дека во Ќустендил и други бугарски градови се случувал хаос и дека контролата ја презема македонската организација ВМРО, посочувајќи ги Тодор Александров и Александар Протогеров за главни виновници.

Кога граѓаните на Кустендил од првобитното изненадување, започнале похрабро да излегуваат на улиците и сметале дека ВМРО и овој пат, како при Неврокопската акција претходно, ќе се задржи на казнувањето само на неколкумина градски службеници припадници на бугарската земјоделска власт. Меѓутоа, војводата П.Михајлов работел според зацртаниот план од ЦК на ВМРО и постапно ги решавал работите во градот. Првин, тој не презел ништо против примерите на корупција и неморал во градот и ги ослободил сите претставници на власта. освен окружниот управник. Второ, војводата Михајлов наредил реквизиција на лебот од сите фурни во градот за потребите на комитските чети на ВМРО. Трето, П.Михајлов ги повикал претставниците на сите бугарски политички партии во градот со цел да им го објасни окупирањето на Ќустендил од четите на ВМРО. Меѓу другите, П.Михајлов се сретнал и со претставниците на БКП. На состанокот со претставниците на бугарските политички партии во градот, војводата П.Михајлов уште еднаш ги повторил барањата на ВМРО за испорачување на разбојниците, ренегатите и федералистите и изречно рекол: “Јас сум револуционер, а не разбојник”.

Во исто време била избрана една комисија која требала да ги однесе во писмена форма до владата во Софија формалните барања на Организацијата.” Комисијата во Софија пред бугарската влада испратила писмо со 4 барања од Организацијата и со потпис од војводата Панчо Михајлов-Чавдар. Во писмото адресирано до бугарскиот министер за војна Коста Томов, војводата П. Михајлов ги истакнал условите под кои четите на ВМРО ќе го напуштат градот Ќустендил и ќе дозволат повторно востановување на бугарската власт: да се предадат во рацете на ВМРО сите разбојници кои пљачкосувале низ Македонија и кои извршиле убиства врз членови на Организацијата, како што бил случај со Велин Алајков, да не се допушти Македонци во Софија, Кустендил и други градови да предизвикуваат убиства и грабежи во Македонија, да се коригира бугарскиот премиер Александар Стамболиски со неговите изјави во српските и бугарски весници во врска со македонското прашање и да престане секаква провокација на бугарската власт кон членовите на ВМРО. Ваквото писмо на П.Михајлов до бугарскиот министер за војна Томов претставувало демонстрација на сила од страна на ВМРО и нема предупредување до бугарската земјоделска власт дека Организацијата пред ништо да застане или да се повлече кога се во прашање остварувањата на нејзините зацртани цели. Но, сепак во разговорите што П.Михајлов ги водел со претставниците на бугарските политички партии во Ќустендил, му биле понудени повеќе совети и решенија за излез од кризната ситуација и уште подлабокиот конфликт помеѓу ВМРО и бугарската власт.

Ваквото писмо, конечно, по убиството на министерот за внатрешни работи Александар Димитров во 1921 година, било сериозно сфатено од страна на бугарската влада на Стамболиски која веднаш го испратила министерот Томов да замине во Ќустендил и да ја смири целата ситуација која се заканувала да излезе од контрола. Според едно писмо потпишано лично од Тодор Александров кое се однесувало на Кустендилските настани „владата во Софија се исплашила Македонскиот одред да не тргне за таму и да ја собори од власт” поради што во градот, со големи полномоштва бил испратен министерот Томов, придружен од полковникот Мархолев, а сè со цел да преговараат со војводата П.Михајлов. Војводата П.Михајлов со тоа го остварил првиот дел од планот на ВМРО. Ќустендилската акција започнала да ги дава очекуваните резултати. За успехот на акцијата на војводата П.Михајлов голем придонес дале и паниката и дезинформациите кои ги предизвикале побегнатите членови на Портокаловата гарда. Под влијание на ваквите панични вести и најавите на Т.Александров за вооружена акција од пошироки размери, бугарската влада веднаш формирала т.н. казнен одред од 700 до 800 војници под команда на министерот Томов којшто со воз тргнал во правецот на Ќустендил. Околу 500 вооружени приврзаници на земјоделската власт од правецот на Перник исто така се упатиле кон Ќустендил. Веднаш била мобилизирана Портокаловата гарда од Ќустендилско, Радомирско и Дупничко а во Софија бил воведен полициски час.

Во меѓувреме додека министерот Томов патувал кон Кустендил, Војводата П.Михајлов пред присутните градски политички првенци изјавил дека целта на ВМРО не била да предизвика крвопролевање на невини луге и поради тоа апелирал кон граганството за смиреност, за комитските чети непречено да си ги извршат поставените задачи од Организацијата. Откако во градот се смирила состојбата по дадените упатства од Чавдар, голем дел од кое во мнозинство било со македонско потекло, излегло во централното подрачје да ги види и поразговара со комитите кои во нивните очи биле вистински херои. Сите се обидувале да се пробијат и да ги видат лично војводите П.Михајлов и Иван Јанев-Брло.

Започнале претреси по дел од куќите за да се пронајдат оние кои се барале, па претреси имало дури и во куќите на љубовниците на оние кои биле таргет на ВМРО.

Четите на ВМРО во градот ги побарале и четворицата уапсени во врска со ограбувањето на Ранинските Власи, но се покажало дека тие биле ослободени од затвор и тоа непосредно пред навлегувањето на комитите, што значи дека биле известени од некои соработници. Од заробување од ВМРО се спасиле и Григор Циклев и Јане Велинов кои со својата група, само неколку минути пред влезот на комитските чети, побегнале во правецот на Софија и Пловдив. Само во Софија побегнале 38 федералисти и ренегати од ВМРО. По пронаоѓањето на овие луѓе кои биле осомничени од страна на ВМРО дека помогнале или ликвидирале членови и симпатизери на Организацијата, а останале во градот, започнало нивното собирање пред командната управа на Кустендил, каде во присуство на илјадници луѓе започнало судење од војводите на комитските чети, за да се утврди јавно нивната вина.

Околу 3 часот попладне, на 4 декември граѓаните биле известени дека ќе им се обрати војводата Панчо Михајлов-Чавдар за да ја објасни окупацијата и целите на доаѓањето на четите на ВМРО во Ќустендил.

Говорот на војводата Михајлов се одржал на градскиот плоштад, во близина на читалиштето. На веста за тој настан пред читалиштето се собрале илјадници граѓани кои биле љубопитни да го видат и слушнат војводата на ВМРО кој уживал углед и стравопочит поради фактот што за неколку часа ја отстранил бугарската власт од Ќустендил. Во ваква состојба кога очите на бугарската јавност биле насочени кон Кустендил, војводата П.Михајлов за да ја демонстрира моќта на ВМРО над бугарската земјоделска власт, направил еден симболичен потег и говорот го одржал од истиот балкон каде пред една година зборувал лично бугарскиот премиер А.Стамболиски по повод убиството од страна на ВМРО на министерот за внатрешни работи А.Димитров. Со ова, војводата П.Михајлов на еден интелигентен начин целосно ја понижил бугарската власт и јасно ставил до знаење дека во овој дел на државата важат законите и силата на ВМРО. Некои од учесниците на настанот многу впечатливо се сеќавале на изгледот и настапот на војводата на ВМРО пред кустендилските граѓани: ,,Панчо Михајлов е млад човек со среден раст; сините очи му одразуваат верба во нешто возвишено. Бил учител, а потоа активен офицер. Речта му беше интересна како и самата личност. Беше навистина една слика достојна за фантазијата на некој голем драматург, да ја слушате јавната реч пред неколкуилјадна толпа, од устата на еден бунтовник, вооружен од глава до пети”. Во една таква ситуација, П.Михајлов го започнал својот говор пред насобраните граѓани на Ќустендил, говор исполнет со многу емоции: ,,Драги Ќустендилски граѓани! Ние доаѓаме од земјата на вечните солзи – Македонија – Балканската Голгота од бреговите на синиот Охрид, од – кулите на легендарниот Крали Марко, од сонливите води на реката Црна, од матниот крвав историски Вардар, од височините каде лета сенката на убавиот Самуил за да докажеме за лишениот пат дека не се гаси тоа што не гасне, не умира тоа што во себе ги носи елементите на бесмртност и дека има една земја еј, таму зад снежниот Руен, којашто ги влече прангите на црно ропство. Ние доаѓаме за да докажеме дека нема власт, сила и закони над тие глави коишто за слободата на својот роден крај се готови да се откажат од рамето врз кое се потпираат, дека возвишената гордост на Македонецот не може никој да ја прегази и покрај теророт и суетните очекувања на неговите непријатели. Затоа што не за приказна Македонецот положил толку крв, коски и маки. Сето тоа не би можел да го поднесе ако не ја носи во себе нескротливата љубов кон своата татковина”. Во понатамошниот дел од говорот на војатата Михајлов ги истакнал маките и страдањата на Македонија во оваа борба за ослободување од туѓите ропства. Михајлов ги потсетил насобраните граѓани дека ниту еден народ во светот не се ослободил без борба и дека затоа македонските борци го крстарат секое делче од Македонија, со цел да го подготват населението за денот на целосната битка и конечното ослободување на татковината. Македонската борба за слобода, П.Михајлов ја споредил со страданијата на Исус Христос и неговите апостоли, но и со борбата на создавање на слободна Бугарија. Михајлов им објаснил на присутните граѓани на тој митинг дека борбата на Македонците против српската и грчката власт била успешна,затоа што целото население се наредило под знамето на ВМРО“ којашто единствено се борела за слободата на Македонија. Понатаму, војводата на ВМРО истакнал дека мировните европски договори биле неповолно и неправедни за Македонија и затоа ВМРО ќе побарала нивна ревизија, а дека македонската кауза не можела да биде заборавена. Во вториот дел од говорот, откако ги објаснил целите на борбата на ВМРО, П.Михајлов се осврнал конкретно и директно и за самиот чин на заземањето и окупацијата на комитските чети на Ќустендил, при што многу јасно ги прецизирал намерите на раководството на Организацијата:

,,Ние не дојдовме овде за да ја симнеме власта, затоа што во Статутот на нашата организацијата стои принципот: никакво мешање во внатрешните работи на Бугарија“.

Пред насобраните граѓани кои со восхит го слушале говорот на П.Михајлов, војводата од името на ВМРО декларирал дека комитите не биле дојдени во градот да го рушат, палат, да пљачкаат или да силуваат жени и девојки и за тоа им гарантирал на присутните жители на Кустендил дека ќе бидат безбедни и сигурни за цело време на престојот на четите во бугарскиот град. П.Михајлов со остар тон на гласот им ветил на граѓаните на Ќустендил дека дисциплината на комитските чети е на високо ниво и дека и ако има само една поплака за однесувањето на некој негов борец, “овде ви изјавувам свечено дека на оној телеграфски столб ќе го обесам злосторникот”. Овој дел од говорот на П.Михајлов оставил силен впечаток кај илјадниците граѓани кои со извици на одобрување го поздравиле војводата и присутните комити во градот. Потоа, П.Михајлов направил дистинкција на тоа каква организација е BMPO, a кои биле целите на МФРО, односно македонските федералисти, кои според него го уценувале и пљачкале македонскиот народ и затоа комитите на Организацијата дошле во градот да го ,,исчистат” од нив, а со тоа да ги казнат и за ликвидациите на видни организациони дејци во Ќустендил, како што бил Велин Алајков, пунктовиот началник. Во прилог на ваквите тврдења на Михајлов било и писмото кое им го прочитал на насобраните граѓани, а кое се однесувало на побарувањата од 150 000 лева на МФРО од локалните Евреи во Ќустендил. За сигурноста на целата акција на ВМРО, П.Михајлов уште еднаш истакнал пред граѓаните дека целиот град бил добро утврден и дека биле поставени комитски позиции во сите значајни делови поради тоа,да не се обидат некои во матна вода да ловат риба и со тоа да го изложат престижот на BMPO”. Во врска со тоа, војводата П.Михајлов уште еднаш изјавил дека на никој во градот немало “да му недостасува влакно од глава” и дека нема да се тормози граѓанството, “дури и да паднам и јас убиен. Единствено што ВМРО поставувала услов за нејзиното повлекување од Ќустендил, според П.Михајлов, било заробувањето и казнувањето на федералистите кои извршиле убиства врз членови на Организацијата. Во тој правец, П.Михајлов повторно пред сите присутни ќустендилски граѓани јавно ги прочитал писмените барања на ВМРО до бугарската влада кои се однесувале на коригирањето на нејзината политика кон македонското прашање, повлекувањето на изјавите на претседателот на бугарската влада Стамболиски и немешањето на бугарската влада во конфликтот помеѓу ВМРО и МФРО. Во последниот дел од говорот кој бил упатен не само до граѓаните на Ќустендил, туку и до целата бугарската јавност, П.Михајлов-Чавдар не ја испуштил можноста да упати остра критика до бугарската земјоделска власт поради нејзиниот однос кон Македонија и блиските пријателски односи со владата на Кралството на СХС. Дури, според некои податоци, за време на говорот и целиот престој во Кустендил, Панчо Михајлов јавно им се заканил на претседателот на бугарската влада А.Стамболиски, министерот Рајко Даскалов и министерот Неделко Атанасов дека ќе бидат убиени доколку не ги исполнат поставените услови (првите двајца веќе следната година се убиени од ВМРО).

Говорот на П.Михајлов бил исполнет со констатации и заклучоци против српската политика кон Македонија. Таквата констатација на П.Михајлов имала за цел уште еднаш да ја потврди традиционалната антисрпска политика и расположение на ВМРО, која Србија како составен дел на Кралството на СХС ја сметала како најголем непријател на Македонија и македонското прашање. По ова, П.Михајлов уште еднаш им се заблагодарил на граѓаните за гостопримството и братски подадената рака на комитските чети на ВМРО и истакнал дека по завршената акција, четите повторно ќе се повлечат во планиските предели за да ја продолжат борбата за слободата на Македонија.

Завршетокот на говорот бил испратен со воодушевување и извици на одобрување од страна на граѓаните. на

По завршениот говор на П.Михајлов на градскиот плоштад, иако било приквечерина, по подолго време, никој од граѓаните не сакал да се прибере во своите домови. Тоа се должело на впечатоците од говорот на војводата П.Михајлов, но и чувството кај еден дел од граѓаните дека привремената управа на ВМРО во градот е далеку подобра и поефикасна од бугарската земјоделска власт. Но, секако граѓаните, чувствувајќи малку повеќе слобода и сигурност, исто така живо разговарале помеѓу себе за бурните и динамични настани кои за краток временски период се случиле во нивниот град. Очигледно било дека ВМРО со окупирањето на градот се здобила со голема популарност и авторитет, особено кај граѓаните кои имале македонско потекло. Во нивните очи војводата П.Михајлов-Чавдар бил херој кој се спротивставил на корумпираната власт и разните организации и поединци кои со нивните вооружени акции ја влошиле безбедносната ситуација во Ќустендил.

Меѓутоа, наместо мир и спокојство, во текот на утрешниот ден, 5 декември, се случило несреќното убиство на граѓанинот Илија Николчов и тоа од залутан куршум при обидот за ликвидација на неговиот син, поручникот Пеев, кој бил човек близок соработник на ВМРО во градот. По овој инцидент, П.Михајлов свикал состанок на општинската управа и од претставниците на политичките партии побарал да им биде предаден убиецот на Илија со цел да биде соодветно казнет. Во исто време додека траел состанокот и напнатата атмосфера во зградата на општинската управа, пристигнала веста дека на железничката станица во селото Копиловци, близу Ќустендил пристигнал министерот Коста Томов во придружба на бугарска војска. Веднаш по добивањето на веста, една комисија составена од градски службеници заминала кон селото со цел да договори средба помеѓу министерот Томов и војводата П.Михајлов-Чавдар и да се надминат непријателствата кои можеле да предизвикаат крвопролевање. Министерот Томов на железничката станица се подготвувал за напад врз градот Кустендил. Ситуацијата се заканувала да излезе надвор од контрола. Дознавајќи за таквата вест, П.Михајлов, разгневен повторно ги собрал градските првенци и ги нападнал затоа што не успеале да ја одвратат бугарската војска од планот за напад врз градот. Војводата П.Михајлов се заканил дека комитските чети ќе се спротивстават на бугарската војска, без оглед на материјалните разрушувања и уништувањето на градот.

За да се избегне поголем вооружен инцидент, градските првенци со посредство на војводата П.Михајлов формирале тричлена делегација која имала за задача да се сретне со министерот Томов со молба да не го напаѓа градот до часот кој четите на ВМРО го одредиле како точно време за нивното повлекување. Делегацијата се сретнала со министерот Томов при што му било предочена заканата од П.Михајлов по писмен пат дека доколку настрада некој од приврзаниците на ВМРО во Ќустендил и околината, ќе бидат убиени сите месни водачи на БЗНС заедно со нивните деца. Навистина се поставува прашањето дали делегацијата го молела министерот Томов да не го напаѓа градот или истиот министер ја молел ВМРО да не презема никакви мерки против уставниот поредок и законите на Бугарија? Сите документи и докази се во правец на втората теза.

Во исто време, војводата П.Михајлов, опкружен со масата граѓани и комитите од четите повторно тргнал кон балконот на градското читалиште, по втор пат да одржи говор поради новонастанатата ситуација. Додека војводата се качувал на балконот, среде илјадниците граѓани владеела мртва тишина во исчекување на мирното разрешување на конфликтот помеѓу ВМРО и бугарската власт. П.Михајлов во своето второ обраќање истакнал пред Ќустендилските граѓани дека наскоро четите на ВМРО ќе се повлечат од градот, го осудил убиството на шивачот и го нарекол провокација за компромитирање на организационата акција и најавил пред народот дека ќе замине на средба со бугарскиот министер Томов со непроменети барања: 1.Бугарската влада за 15 дена да ги предаде сите убијци на членовите на ВМРО 2. Да не се казнува војник или офицер од касарната во Кустендил, 3. Бугарската влада да не дозволи престој на ниту еден Македонец во Кустендил без дозвола на ВМРО, и 4. Претседателот на бугарската влада Стамболиски да ги повлече сите претходни негативни изјави за ВМРО што ги дал во српските весници. Во правец на ваквите барања П.Михајлов прочитал и едно писмо од Тодор Александров до граѓаните на Кустендил во кое биле објаснети непријателствата на ВМРО и бугарската влада, предизвикани пред сè од убиства на војводи и членови на Организацијата од страна на Портокаловата гарда на Стамболиски. Според писмото-циркулар од Т.Александров, во преговорите со министерот Томов, војводата П.Михајлов од името на ЦК на ВМРО требало да инсистира на три клучни барања на Организацијата до бугарската влада 1. За 15-дневен рок бугарската влада да ги фати и да ги предаде на Организацијата за судење и казнување преживеаните разбојници кои вршеле грабежи во Македонија: 2. Во иднина да се назначуваат за чиновници во Ќустендилскиот и Петричкиот округ чесни луѓе кои не се огрешиле пред ВМРО, и 3.Крај границата и во Софија да не се оставаат да живеат разбојници и шверцери кои би и пречеле на ВМРО. Навистина ваквите барања кои војводата П.Михајлов имал намера да му ги испорача на министерот Томов биле понижувачки за бугарската влада и ја покажувале надмоќта и самоувереноста на ВМРО која со ова, фактички, не го признавала суверенитетот на бугарската држава во овој нејзин територијален дел.

Околу 12 часот П.Михајлов-Чавдар во придружба на обезбедување и војводата Иван Јанев-Брло заминал на средба со бугарскиот министер Коста Томов. Според една верзија на настанот, првин во 14 часот во градот пристигнал пратеник на министерот Томов којшто бил примен на разговори кај војводата П.Михајлов. Во разговорот П.Михајлов го известил бугарскиот претставник дека ВМРО ги презела сите мерки за да се избегнат било какви инциденти и дека ќе биде исполнето ветувањето за повлекувањето на комитските чети во предвиденото време – 16 часот. По овој разговор според овој податок близок до бугарските владини кругови, П.Михајлов со своите луѓе заминал на разговори на железничката станица. Но, како и да е, сигурен е податокот дека разговорите помеѓу П.Михајлов и министерот Томов започнале помеѓу 12 и 14 часот, на 5 декември.

Почетокот на средбата бил придружен со гестови на почитување помеѓу двете спротивставени страни, што веројатно покажувало дека бугарскиот министер пристигнал веќе со предлог за компромис и дека разговорите нема да траат долго. Многу е веројатно дека и Панчо Михајлов по првобитната демонстрација на сила на ВМРО бил спремен на преговори и евентуални отстапки. Но, доволен е фактот што ВМРО како македонска организација покажала дека е способна да се спротивстави на секаква сила, па дури и на самата бугарска држава кога биле во прашање нејзините интереси и цели. Според некои податоци, министерот за војна на бугарската влада Коста Томов бил принуден да преговара со војводата Панчо Михајлов и тоа во министерскиот вагон, а единствена точка на разговорот било безусловното отстранување на федералистите од Кустендил. Интересен е податокот што по иницијатива на војводата И.Јанев-Брло бил откачен вагонот каде требало да се водат разговорите и бил и бил оддалечен на неколку десетици метри од локомотивата. И министерот Томов во подоцнежните разговори со другите министри во бугарската влада на Стамболиски потврдил дека разговорите се воделе во вагон опколен по заповед на Панчо Михајлов, под заштита од војводата И.Јанев-Брло. Во една таква ситуација, веднаш на почетокот на разговорот Томов му се заканил на П.Михајлов со зборовите: ,

,Одете си, ќе стреламе!”

Случајот и симболиката со вагонот бил знак за тоа кој е кој во овие разговори. Веројатно и тој чин имал за задача да покаже пред бугарската власт колку е моќна ВМРО и дека може да поставува секакви, дури и помалку понижувачки предлози. Според втората верзија за текот на разговорите, министерот Томов го нападнал П.Михајлов и го предупредил дека целиот настан не може да се оправда на никаков начин, затоа што требало да се зачуваат законите на бугарската држава. Дури, Томов се заканил со зборовите дека државата располагала со сите средства и дека никој не треба да си прави илузии дека за настанот може да стигне и казната. На таквите обвинувања П.Михајлов одговорил дека Организацијата дејствувала во самоодбрана и не можела да дозволи разни групи на разбојнички банди да и ја отежнат нејзината револуционерна дејност. На крајот од разговорот, министерот Томов сепак се согласил дека комитските чети во градот се однесувале коректно и формално ги прифатил условите на војводата П.Михајлов. Според телеграмата испратена од Софија до Лозана по повод Ќустендилските настани, убиецот на Димитров” како што го нарекувале војводата П.Михајлов, невознемируван од никого, си заминал без никаков проблем по завршувањето на разговорите. Ваквата капитулантска постапка на министерот Томов била прифатена со негодување кај еден дел од бугарската земјоделска власт која констатирала, иронично:

..Да се бакнува по силно рака, иако окрвавена со братска министерска крв, а не да се удари”.

Ваквиот однос на бугарскиот министер Томов во разговорите со П.Михајлов претставувал тежок пораз на бугарската земјоделска влада на А.Стамболиски. Привремено ВМРО ја покажала својата надмоќ врз бугарската влада. Но, прифаќањето на условите од страна на бугарскиот министер Томов било формално, а не суштински, иако Организацијата во прво време помислила дека таа излегла како победник од Ќустендилските настани.

Околу 15 часот, по завршените разговори, П.Михајлов за последен пат се обратил пред нестрпливите граѓани и им соопштил дека бугарската власт ги прифатила сите точки и барања на ВМРО, поради што биле исполнети условите за повлекување на комитските чети од Ќустендил. Додека војводата П.Михајлов зборувал, се слушнале истрели на машинска пушка од околината на градот, на што комитите возвратиле со истрели од пушките во воздух, што секако имало повеќе психолошко значење и веројатно било договорено помеѓу самите раководители на четите. За цело време на последниот говор, П.Михајлов постојано покажувал кон својата пушка, истакнувајќи дека доколку не се реши македонското прашање, ВМРО ќе се повикува на правото на силата. Воедно, на многу јасен начин П.Михајлов ја осудил надворешната политика на земјоделската влада на Стамболиски при што се заканил: ,,Ние автономистите сме голема сила… Тоа треба добро да го знаат денешните земјоделски управници”: ¹ Последните зборови на војводата П.Михајлов пред присутните граѓани, сепак биле помирителни и во правец на тоа дека Ќустендил како град бил оттогаш под заштита на ВМРО, а сосема на крајот, поетски им се обратил на граѓаните со зборовите: ,,Ви посакувам чисто небо, но ако се надвиснат облаци, тие да испуштат мирис на рози”.

Во 16 часот се слушнал звукот на камбаните што претставувало знак, комитските чети построени во војнички редови, да маршираат низ Кустендил и на војводата П.Михајлов-Чавдар, поздравени од илјадниот народ, под водство да се упатат кон излезот на градот. Во 18 часот, на 5 декември 1922 година, комитските чети на ВМРО го напуштиле Кустендил кој повторно се вратил под контрола на бугарската земјоделска власт. Сепак дел од одредот останал во околината на градот да го чека извршувањето на прифатените услови и да ја организира околијата која останува во иднина под закрила на ВМРО” Ho, интересно е тоа што и по повлекувањето на четите на ВМРО од Кустендил, на целиот настан дел од бугарските офицерски кругови гледале со симпатии, дури и со одобрување. Началникот на Ќустендилскиот воен гарнизон, во својот извештај, наместо да чувствува одговорност и вина што дозволил окупација од четите на ВМРО, истакнал дека “по повлекувањето на автономистите од градот, градот бил очистен од Федералистите“. Според началникот, железната дисциплина на четниците и нивното одлично однесување кон војската и населението ги придобило симпатиите на сите во градот. Постепено населението од градот и околината почнува да ce смирува. Многу лошо ce критикува поранешната административна власт којашто со својата заштита над федералистите довела до ваква состојба“. Ваквиот однос на воените кругови кон ВМРО укажувал на симпатиите кон македонското револуционерно движење од нивна страна, иако во настаните со окупацијата на Ќустендил не постоела вмешаност на офицери кои евентуално ги потпомогнале комитските чети на Организацијата. Ако воено-офицерските кругови со симпатии гледале на акцијата на комитските чети на ВМРО во Ќустендил, бугарската земјоделска власт ја сметала Организацијата за непријателска и штетна по бугарските државни интереси. Со писмени телеграми по повод настанот постојано реагирал бугарскиот премиер А.Стамболиски кој проблемот го наоѓал во самата бугарска држава, а не во странство и барал од своите службеници во власта самите да го решат проблемот.

За време на дводневната окупација на Ќустендил од комитските чети на BMPO, очигледни биле неколку работи, кои дале белег на целата акција, Прво комитските чети под раководство на војводата П.Михајлов-Чавдар покажале пред бугарската јавност дека располагаат со железна, војничка дисциплина и строго ги извршуваат наредбите на своите претпоставени и дека се придржуваат до Правилниците, Статутот и Уставот на ВМРО! Второ, пред бугарската јавност јасно покажале дека ВМРО е револуционерна организацијата која се бори за слободата на Македонија. Трето, комитските чети во Ќустендил имале толерантен однос кон бугарската војска и особено офицерите во касарната, но не заради некаков страв, туку заради силната поврзаност на ВМРО со воено-офицерската лига во која доминантни биле офицерите – Македонци. И на крајот, четврто, ВМРО ја исполнила својата цел при што биле заробени околу 30-ина осомничени за убиства врз членови на Организацијата, од кои 10-ина биле казнети, но не јавно во градот, пред населението, туку далеку од очите на јавноста, како што била карактеристиката и начинот на дејствување на илегална и револуционерна организација. Меѓу убиените имало голем број федералисти, поранешни членови на ВМРО кои се ставиле во српска служба или се оддале на пљачкосување на цивилното население или шпиони на српската власт како што бил извесниот Тасе Темкин од Штипско.

Со Ќустендилската акција, ВМРО ги остварила своите зацртани цели и ги елиминирала упориштата на федералистичките чети. П.Михајлов-Чавдар. како раководител на целата акција покажал голема умешност, тактичност, дипломатски вештини и војничко-знаење кое придонело за целосен успех. Бугарската влада на А.Стамболиски за време на настаните се однесувала колебливо и нерешително и со самиот факт што биле прифатени преговори со П.Михајлов, покажала дека нема контрола врз државните граници на Бугарија а во исто време ја признала ВМРО како фактор кој своите цели ги наметнува од позиција на моќ и сила. По настаните во Ќустендил не била надмината кризата во бугарската држава, непријателствата помеѓу ВМРО и бугарската влада и понатаму биле присутни, а целата влошена политичко-безбедносна ситуација се заканувала дека може да предизвика државен преврат, дури и војна со регионални последици.

Веднаш по успешно извршената комитска акција на ВМРО во Кустендил, се огласило раководството на Организацијата. Тодор Александров од името на ЦК на ВМРО му испратил на војводата П.Михајлов- Чавдар три значки одликувања, за него и другите војводи учесници во Кустендилската акција: Иван Јанев-Брло и Мите Опилски и му наредил да состави список од 12 до 15 личности: војводи, четници, милиционери, офицери и граѓани, најзаслужни во текот на акцијата. Во неколку писма до одредени раководители и војводи на ВМРО, Т.Александров ја одобрил Ќустендилската акција, но истата ја поддржале и поздравиле и војводите Алеко Василев- Пашата и Георги Атанасов.

На 14 и 15 декември 1922 година еден дел од групата федералисти кон побегнале од Кустендил, биле уапсени и интернирани од бугарската власт во градовите Русе и Шумен. Групата била дел од четата на Григор Циклев која отседнала во софискиот хотел Ориент” и која била уапсена од полицијата командувана од Коце Михајлов, брат на војводата П.Михајлов. Со ова ВМРО покажала дека нема да ја прекине својата борба против федералнетите кои ги сметала за најголеми непријатели. На 20 декември 1922 година Т.Александров му испратил писмо на министерот Коста Томов во кое му ги изнел погледите на ЦК на ВМРО дека барањата на Организацијата за време на разговорите во Ќустендил не биле исполнети, составувајќи и нови барања и услови.