Директно инспириран од малите, култни книжарници по кои Њујорк е препознатлив град, Гучи е одлучен да создаде простор за сите љубители на книгата.

Њујоршкиот кварт СоХо отсекогаш бил креативен и иновативен центар на Њујорк. Дали се работи за музика, филм, мода, ликовна уметност или книжевност, само најновите и најоригиналните места можат да се најдат долж тие улици од калдрма. Со тоа на ум, Гучи одлучи да ја отвори својата прва книжарница „Гучи Вустер Букстор“ со број 63 на улицата Вустер.

Се очекува книгите, кои ќе се најдат во книжарницата, да бидат со тема авангардна уметност и фотографија. Дејвид Стретел, основач на Дашвуд букс, книжарница на Менхетн, која е специјализирана за фотографии, е избран да помогне за околу 2.000 наслови. Љубителите на модата можат да очекуваат широк спектар на наслови и публикации, како и ретки книги, кои се согласно актуелните инспирации на Гучи и сезонските проекти.

Гучи Вустер Букстор, исто така, ќе има импресивен избор на специјализирани списанија за мода, култура, уметност, илустрација, дизајн и фотографии.

Книжарницата ќе биде украсена со реставрирани парчиња мебел и низа дела на пријателите на Гучи брендот, како што се Петра Колинс, Ари Маркопулос, Рајан Мекгинли, Мартин Пар и Флоренс Велч.

За сите љубители на модниот бренд, Гучи Вустер ќе продава и разни дребулии и подароци, вклучувајќи платени торби, моливи и нотеси, кои ќе бидат обележани со новиот Гучи „63 Вустер“ дизајн, како и зелено- крем шаблон боја, кои се заштитен знак на архитектурата типична за СоХо.