Претставништвото на Гугл во Европа известува дека ги блокира каналите на проруските медиуми Раша Тудеј и Спутник ширум Европа во момент кога воениот судир во Украина е неизвесен, јавува Радио Слободна Европа.
Гугл, кој е сопственик на Јутјуб, преку Твитер денеска соопшти дека одлуката стапува на сила веднаш и дека ќе треба време, како што велат тие, да се крене рампата, односно забраната да прекине.
Овој потег на Гугл доаѓа неколку часа пред членките на ЕУ да одобрат пакет санкции за забрана на пристап до европскиот медиумскиот простор без разлика на каналот за дистрибуција.
Санкциите, како што известува РСЕ, се очекува да се состојат од целосна забрана за европските медиуми да објавуваат содржина пренесена од Раша Тудеј и Спутник.
Главниот канал на Раша Тудеј има преку 4,5 милиони следбеници на Јутјуб.
(М.П.)