„Санкциите се неверојатно ефикасни. Ќе водиме тотална економска и финансиска војна против Русија“, изјави францускиот министер за економија, Бруно Ле Мер, за ФрансИнфо, јави дописникот на МИА.

-Ќе предизвикаме колапс на руската економија. Економската и финансиската рамнотежа на силите е целосно во корист на Европската Унија, која е во процес на откривање на својата економска моќ, додаде министерот.

Русија, според него, е таа што ќе настрада.

-Европа навистина може да има малку поголема инфлација. Европа, единствената последица што може да ја има во наредните недели, е мало зголемување на цените во зависност од зголемувањето на цените на енергијата, додаде Ле Мер.

Според него, санкциите ќе се применуваат се додека Владимир Путин не се врати на добрите намери во Украина.

Би сакал да се прошири тарифниот штит околу гасот, додаде министерот, бидејќи војната во Украина влијае врз цените на енергијата и на куповната моќ.

-Наша одговорност е да ги заштитиме поединците, додаде министерот, кој најави тарифен штит за одредени компании.