Германскиот интернационалец, Илкај Гундоган, по поразот на Манчестер сити од Вулверхемптон призна дека за да ја одбранат титулата во Премиерлигата треба да се надеваат Ливерпул да направи сериозни грешки.

Ливерпул му побегна на Сити цели осум бода, а „граѓаните“ не се откажуваат, но се свесни дека ништо не зависи од нив во трката за трофејот.

-Ја имавме истата, или слична ситуација и лани, и тоа подоцна во сезоната. Уште е рано и има уште многу натпревари. Но, ако сакаме да зборуваме за титула, треба да се надеваме дека Ливерпул ќе загуби бодови некаде по патот. Не сме задоволни, но нема што друго да се прави, освен да се претставиме што е можно подобро на следниот натпревар, изјваи Гундоган