Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во телефонски разговор со саудискиот принц Мохамед бин Салман ја поздрави иницијативата на Саудиска Арабија за намалување на емисиите на штетни гасови во земјата, јавија саудиски медиуми.
Саудискиот престолонаследник изјави дека Саудиска Арабија, како најголем светски извозник на нафта, има за цел да достигне „нето нулта“ емисии до 2060 година.
САД и ЕУ сакаат Саудиска Арабија да се приклучи на глобалната иницијатива за елиминирање на метанот за 30 проценти до 2030 година.