Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупреди дека Јемен е во непосредна опасност од најголема глад во светот во последните неколку децении.

– Ако нема брз одговор, милиони животи може да се загубат, рече Гутереш за Јемен, каде трае петгодишна војна меѓу иранските бунтовници Хути и владините сили.

Владата во Јемен е поддржана од коалиција предводена од Саудиска Арабија со помош на западните сили, вклучително и Соединетите Американски Држави.

Предупредувањето на Гутереш доаѓа во време кога САД можат да ги додадат бунтовниците Хути на својата листа на терористички организации, што дополнително ќе ја комплицира испораката на хуманитарна помош во Јемен, пишува Франс24.

– Ги повикувам сите кои имаат влијание да постапат итно по ова прашање со цел да се спречи катастрофа, рече Гутереш.