Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш остро го осудува терористичкиот напад во Крокус Сити Хол и изразува сочувство до народот и владата на Русија, се вели во соопштение на заменик портпаролот на генералниот секретар, Фархан Хак.

– Генералниот секретар најостро го осудува денешниот терористички напад во концертна сала во Москва, во кој, според извештаите, загинаа најмалку 40 луѓе, а повеќе од 100 беа повредени, се вели во соопштението кое го пренесуваат руски медиуми.

– Генералниот секретар го изразува своето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите, народот и владата на Руската Федерација. На жртвите им посакува брзо закрепнување, стои во текстот.