Демократот Ендру Гилам преку видео-врска на Фејсбук му честиташе на неговиот противкандидат, републиканецот Рон Десантис, со што се предаде на „трката“ за гувернер на Флорида.
Тој порача дека ќе продолжи да се занимава со политика, но не изнесе детали за неговите планови.
Десантис засега нема дадено одговор на „предавањето“ на Гилам.
Претходно, како што јави МИА, американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека доколку биде избран кандидатот на Демократската партија, Гилам, жителите на Флорида ќе плаќаат повисоки даноци.