Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола со задоволство зборуваше за неговиот главен ривал за титулата оваа година – Ливерпул.
– Во мојата кариера како менаџер се сретнав со ексклузивни тимови, од кои за два можам да кажам: „Вау“, започна Гвардиола.
– Еден од нив е Барселона на Луис Енрике (кој освои „требл“ во сезоната 2014/2015) со Нејмар, (Лионел) Меси и Луис Суарез во нападот. Другиот е сегашниот тим на Ливерпул. Ова се двата најдобри тимови со кои сум се соочил како тренер, истакна Пеп.