Тренерот на англискиот фудбалски шампион, Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги откри своите идни планови.

Четириесет и осумгодишниот шпански стратег сака да остане во првите редови на „граѓаните“ и следната сезона, иако има гласини за негово заминување.

Гвардиола никогаш не водел ист тим повеќе од четири сезони и следната би била негова петта за Манчестер.

– Ова е моја четврта сезона. Следната ќе биде петта затоа ќе се обидам да останам мирен. Тоа е навистина долго време. Се чувствувам навистина добро овде. Треба да се види дали јас заслужувам нов договор. Нивото се зголемува и очекувањата се секогаш големи. Јас можам да се справам со тоа, но моето останување не зависи само од мене. Сега се подготвуваме за следниот натпревар. Во принцип, има многу време да се размислува за иднината, рече Гвардиола пред гостувањето кај Вулверхемптон в петок во 19 премиерлигашко коло.