Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, по натпреварот со Борусија Менхенгладбах (2:0) во осминафиналето од Лигата на шампионите, зборуваше за шансите на тимот да го освои турнирот.

– Гледајќи како е Баерн сега, мислам дека не сме фаворити. Големиот проблем е враќање на играчите и нивно достигнување на врвната форма. Но, ако некој сака да нè нарече фаворити, ние тоа ќе го прифатиме, изјави Гвардиола за „BT Sport“.

На 17 март, Манчестер сити ќе одигра реванш натпреварот против Борусија во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Во Премиер лигата, „граѓаните“ се лидери со 10 поени предност во однос на нивниот најблизок ривал.