Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, ја пофали играта на новиот фудбалер во тимот, Џек Грилиш, на натпреварот од Премиер лигата против Тотенхем, а исто така зборуваше и за состојбата на Кевин де Брујн.

– Грилиш одигра одлично. Можете да видите карактер во неговата игра. Тој создаде неколку шанси. За жал, не можевме да победиме за него на денот на дебито, но тој се снајде многу добро. Ја контролираше топката и создаде опасност за противникот.

Кевин де Брујн не е целосно подготвен. Ќе му треба време да одигра цел натпревар, изјави Гвардиола.

Манчестер сити кој е актуелен англиски шампион, лошо ја отвори новата сезона. Најпрво загуби од Лестер во „Комјунити шилд“, а вчера беше поразен и од Тотенхем во првото коло од Премиер лигата.