„Пеп е наш тренер и сака да остане со нас. Ни тој не може да разбере зошто никој не го слуша. Во целата оваа приказна ништо нема вистина“, изјави за италијанскиот „Скај“ членот на Управниот одбор на Манчестер сити, Алберто Галази.

Челниците на Сити се одлучија на ваков чекор во обид да ги демантираат се почестите наводи дека Пеп Гвардиола веќе договорил трансфер со италијанскиот шампион Јувентус.

Галази додаде дека не може да ја разбере целата оваа количина на напишани измислици, а на навивачите на „Старата дама“ им порача дека му е многу жал, и дека ќе треба да бараат друг тренер, бидејќи Гвардиола останува во Манчестер.