Дриблај прави што сакаш кога татко ти ќе ти купи канцеларија, а додека ние те плаќаме обиди се да не тресеш глупости, му порача поранешниот министер Џевдет Хајредини на вицепремиерот Артан Груби, по неговите објави за „малиот фудбал во неговата канцеларија“.
„Кој што сака може да прави во својата канцеларија“, го цитира Хајредини премиерот Димитар Ковачевски и му реплицира:
– Дури и да можат, премиере, нe би требало да прават баш сè. Кога татко ти ќе ти купи канцеларија, тогаш прави што сакаш, а се додека ние те плаќаме, барем обиди се да не тресеш глупости! – порача Хајредини.
Поранешниот министер и економски аналитичар Хајредини додава дека „имаме напредок“:
– Лани по еден, годинава се случуваат по два скандали дневно!- иронично коментира тој.