По вчерашното излегување на училишна табла на шефот на дипломатијата Бујар Османи, за да им објаси на Македонците дека Бугарија не е пречка на патот кон ЕУ и дека треба да се изгласаат уставните измени, реагираше аналитичарот Џевдет Хајредини.
– Договорот со Бугарија не може да биде пречка на патот на Македонија кон ЕУ – вели Османи. Како втора бугарска држава – вели Бугарија, гласи ироничниот коментар на поранешниот министер Џевдет Хајредини.
Османи вчера предизвика остри реакции кај Македонците, но и кај другите граѓани на Македонија, со ова негово потценувачко „разјаснување на македонските работи“ во врска со Бугарија, ЕУ и уставните измени.