Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, реагира дека продажбата на државното земјиште кај поранешниот комбинат ШИК „ЈЕЛАК“ во Тетово е школски пример за корупција од највисоко до најниско ниво.

Како што вели Хајредини, тој случај покажува дека на премиерот Зоран Заев, воопшто не му е грижа за граѓаните на Тетово и за развојот на градот, туку единствено за што се грижи е да му заврши работа на контроверзниот бизнисмен Дака Давидовиќ.

Не држи објаснувањето на Премиерот Заев, кога вели „нека се гради во Тетово, нека се шири во периферија, доста е во центарот на градот“.

Во центарот на градот, господине Заев, Теута и тој пред неа, со помош на вашиот Сугарески, исто како и на Попова Шапка, направиле урбицид. Тоа Ти не го знаеш, затоа што не те интересира.

Тебе и на Теута битно ви e само на криминалецот Дака Давидовиќ, некогашен „министер“ на Караџиќ и Младиќ, од не само на вас двајцата познати причини, да му завршите работа – реагира Хајредини.