Партиите на Албанците коалицираат со СДСМ за да им бидат плаќани гласачите од буџетот на државата, вели поранешниот министер и аналитичар, Џевдет Хајредини.
– Партиите на Албанците не влегуваат во коалиција со СДСМ поради „заедничкиот фронт за обединета Европа“, туку ( премиерот Димитар) Ковачевски, исто како на ДУИ, од буџетот да им ги плаќа гласачите, објави Хајредини на својот профил на Фејсбук.
Хајредини е редовен критичар на негативните појави во власта, како и во партиите и на Албанците и на Македонците.