Архимандритот Никодим Царкњас бил нападнат во С’ботско, Егејска Македонија, денешна Грција, од приврзаници на Клубот на Пондите поради што Македонците од целиот свет реагираат со осуда на нападот.

Во продолжение ја пренесуваме целата објава на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН:

МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ ГО ОСУДУВААТ ФИЗИЧКИОТ НАПАД ВРЗ АРХИМАНДРИТОТ НИКОДИМ ЦАРКЊАС ВО С’БОТСКО!

3 март 2023 година, С’ботско, Егејска Македонија, Грција – Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН (Сојуз МАКЕДОН) најостро го осудува физичкиот напад врз архимандритот Никодим Царкњас, кој возејќи низ С’ботско, кон крајот на февруари, бил физички нападнат од членови на Клубот на Пондите (Понтискиот клуб) исто така од С’ботско, но за среќа останал неповреден, затоа што успеал навреме да се заклучи во автомобилот, но затоа пак бил вербално малтретиран поради неговата декларација Македонец, напаѓачите го оштетиле автомобилот во кој се наоѓал – искршени се стаклата и каросеријата.

Сојузот МАКЕДОН бара полицијата и судовите во Грција да превземат најстроги мерки против лицата пријавени за физичкиот напад врз архимандритот Никодим Царкњас со надомест на штетата врз имотот и животот, за делото да не се повтори во иднина.

Сојузот МАКЕДОН бара Македонското министерство за надворешни работи да протестира пред Министерството за надворешни работи во Атина за физичкиот напад врз архимандритот Никодим Царкњас и за повреда на правата и слободите на Македонците во Егејскиот дел на Македонија!

Сојузот МАКЕДОН смета дека зачестените напади врз архимандритот Никодим Царкњас се поради изградбата на Македонската православна црква “Света Злата Мегленска“ во С’ботско чие осветување се очекува годинава.

Сојузот МАКЕДОН упатува искрена поддршка на архимандритот Никодим Царкњас и на сите Македонци во Егејскиот дел на Македонија и во цела Грција, со барања за унапредување на нивната положба и права и заштита на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет, наследство и простор.

Сојузот МАКЕДОН потсетува дека Македонците беа активни борци и во народно-ослободителната војска на Грција (ЕЛАС) против германските, италијанските и бугарските фашистички окупатори за време на Втората светска војна, заедно со грчките партизани ги поразија грчките монархо-фашисти, а активно и масовно се бореа и за време на Граѓанската војна во Грција во Демократската армија на Грција (ДАГ) против грчките монархо-фашисти!

Сојузот МАКЕДОН ја алармира грчката и европската демократска јавност и институции да пружат активен отпор и превземат превентивни и казнени мерки против носителите на повампирениот фашизам во Елада!

СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ И ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА – МАКЕДОН

https://www.facebook.com/photo/?fbid=8879128202161640&set=a.575789452495598