Денеска е Меѓународен ден на борба против корупцијата, во која покрај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и вицепремиерот за антикорупција, Љупчо Николовски, се вклучи и поранешниот министер и економски аналитичар, Џевдет Хајредини.
– Застаре делото за Владо Бучковски, државата ќе ги плати трошоците за адвокатите, објави Хајредини на Фејсбук.
Тој потсетува на неговата објава од пред две години во постскртиптум: „Сега се очекува да застари и предметот за аферата Телеком. Борбата против корупцијата на високо ниво, предводена од З. Премиерот за корупција, со несмален интензит продолжува и натаму“, пишува во објавата на Хајредини.
Бучковски, како што е познато, сега е специјален пратеник на премиерот Зоран Заев за решавање на проблемот со Бугарија во врска со преговорите за влез на Македонија во ЕУ. Тој беше осуден во аферата позната како „резервни делови за тенкови“ од Бугарија.